Мота Лава
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мота Лава или Моталава е остров од групата на Бенксови Острови во северот од Вануату . Островот сочинува единствен корален систем со малиот остров Ра .
Пописите од 2009 година [1] даваат население од 1.640 жители (Мота Лава и Ра ), што изнесува густина на населеност од 67 луѓе на км2 .
Географија
Со површина од 24 км2, Мота Лава е четвртиот по големина остров на Бенксовите Острови, по Гауа, Вануа Лава и Урепарапара . Тој е највисок, со воите 411 метри, од делот на источниот островски синџир, а воедно и најголемиот.
Ра, мал остров од 50 хектари се наоѓа на 270 метри во близина на јужниот брег на Мота Лава.
Климата на Мота Лава е влажна тропска. Просечните годишни врнежи надминуваат 4000 мм. Островот е подложен на чести земјотреси и циклони.
Островот го опслужува аеродромот Мота Лава .
Геологија
Мота Лава е составена од најмалку пет базалтни стратовулкани. Два од конусите, Ветман и Тунтог, се добро сочувани. Ветман е пирокластичен конус во центарот на островот со пробиен кратер на врвот. На југозападниот дел на островот, Тунтог е композитен конус со кратер широк 500 метри .
Геохемиската анализа покажува дека лавата на островот има сличен состав со онаа од блиските Мота и Урепарапара, како и лавата од југот на земјата, но се разликува од материјалот што еруптирал во централниот дел на Вануату.
Remove ads
Јазик
Жителите на Мота Лава го нарекуваат островот Мвотлап.
Јазикот што го зборуваат жителите на Моталава се нарекува и мвотлапски . Тој е најзборуваниот јазик на островите Бенкс, со околу 2.100 говорници.
Историја
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads