Мохамед Елнени

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мохамед Елнени
Remove ads

Мохамед Насер Елсаид ел Нени (арапски: محمد ناصر السيد الننى‎; Махала ел Кубра, 11 јули 1992) професионален египетски фудбалер кој игра во средината на теренот.

Thumb
Мохамед Насер Елсаид ел Нени

Клупска каријера

Иако тренирал во фудбалското училиште на најголемиот египетски клуб ФК Ал Ахли, профеционалната кариера ја започнал во тек на 2010. Во многу помал клуб, во екипата ФК Мокавлун. Крајот на јануари 2013. заминува во позајмица до крајот на сезоната во швајцарскиот тим ФК Базел, и во средината на истата година потпишал четиригодишен договор со швајцарскиот тим. За четири сезони во Базел одиграл 142 натпревари и постигнал 9 гола, а клубот во тој периот освоил 4 титули на Швајцарската Супер Лига.

Remove ads

Репрезентативна кариера

Ел нени неколку години играл за младите репрезентативни селекции на Египет, а со репрезентацијата до 23 години старост учествувал и на Летни олимписки игри 2012 во Лондон

Првиот натпревар во дресот на сениорската репрезентација на Египет ја одиграл 3 септември 2011 година против селекцијата на репрезентацијата на Сијера Леоне, во квалификациониот натпревар за Африканскиот куп на нациите 2012 година. Од тогаш е стандарден репрезентативец на Египет.

Со репрезентацијата освоил сребрена медаља на купот на африканските нации 2017 година во Габон, а исто така и бил дел од репрезентацијата на Светското првенство во 2018 во Русија. Дебитантскиот настап на светските првенства го запишал во 15 јуни 2018 година на натпреварот во првото коло во групата А измеѓу Египет и Уругвај, во која египетските фудбалери изгубиле со резултат 0:1.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads