Летни олимписки игри 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
XXX Летни олимписки игри (формално познати како „Игри на XXX Олимпијада“) — Летни олимписки игри одржани од 27 јули до 12 август 2012 година во Лондон, Велика Британија[1]. Градот Лондон станал првиот град кој по третпат бил домаќин на Летните олимписки игри[2] Претходно, градот бил домаќин во 1908 и 1948 година.[3][4]
Лондон за домаќин на Летните олимписки игри во 2012 година бил избран на 6 јули 2005 година, на 117 седница на МОК која се одржала во Сингапур, победувајќи ги Москва, Њујорк, Мадрид и Париз, по четири круга на гласање.[5] Оваа вест била објавена од страна на поранешниот олимписки шампион Себастијан Коу.
Олимпијадата се одржа во Олимпискиот парк во реонот Стратфорд и на разни места во поширокото подрачје на градот.
Remove ads
Избор на град-домаќин

Девет градови поднеле кандидатура за организација на игрите заклучно со 15 јули 2003, кој бил краен рок за доставување на кандидатурите. Градови кои поднеле кандидатура биле: Хавана, Истанбул, Лајпциг, Лондон, Мадрид, Москва, Њујорк, Париз и Рио де Жанеиро.[6]
Градоначалникот на Лондон, Кен Ливингстон, изјавил дека главниот мотив за иницирање и лобирање за кандидатурата на градот е да се развие источниот дел на Лондон, кој бил заборавен во последните 30 години. На 18 јуни 2004 Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на седница го скратил списокот на потенцијални домаќини на пет града: Лондон, Мадрид, Москва, Њујорк и Париз.
До 19 ноември 2004 година, сите градови биле должни да ги дополнат своите кандидатури. Инспекцијата на МОК во периодот од февруари до март 2005 ги посетил сите градови кандидати. При инспекцијата во Париз, градот бил зафатен со голем број на демонстрации и обвиненија за корупција на еден од клучните членови на париската кандидатура, а воедно и член на МОК и се чинело дека тоа ќе биде голем минус за канидатурата на Париз. Меѓутоа во првиот извештај на МОК кој не содржел никакви рангирања објавен на 6 јуни 2005, Париз добил убедливо најдобри оценки, пред Лондон. Њујорк и Мадрид исто така добиле позитивни оценки.
Во текот на процесот, Париз се сметал за еден од главните фаворити за добивање на организација, особено поради тоа што ова било третпат градот да биде кандидат во поновата историја. Првично Лондон заостанувал зад Париз, но работите почнале да се подобруваат со именувањето на Себастијан Коу за нов шеф и прв човек на лондонскиот тим на 19 мај 2004.[7] Кон крајот на август 2004, извештаите предвидувале тесна борба помеѓу Париз и Лондон.[8]

Одлуката за град домаќин била донесена на 6 јули 2005 година, на 117-та седница на МОК. Поддршка за кандидатурата на Лондон на лице место дал и тогашниот премиер на Обединетото Кралство - Тони Блер. Во првиот круг на гласање била елиминирана Москва, а потоа и Њујорк и Мадрид. Во финалното гласање, како што и се очекувало останале Париз и Лондон. На крајот на четвртата рунда на гласање, Лондон ја однел победата со само 4 бода повеќе од Париз.
Remove ads
Подготовки
Спортски собиралишта

За Олимписките и Параолимписките Игри 2012 се користат мешавина од нови, постоечки и историски објекти, како и привремени објекти. Поголемиот дел од објектите се поделени во три зони во рамките на општината Голем Лондон, и тоа олимписка зона, речна зона и централна зона. Покрај овие, се користат и други места кои поради неопходноста се наоѓаат надвор од границите на општината. Такви се националниот едриличарски центар Вејмут и Портланд на островот Портланд, како и стадионите кои се користени за фудбалскиот турнир кои се наоѓаат низ целото Обединето Кралство.
Олимписка зона




- Олимписки Стадион – атлетика, церемонија на отворање и затворање
- Олимписки центар за водени спортови – пливање, скокови во вода, современ петобој (пливање) и синхронизирано пливање
- Кошаркарска олимписка арена – кошарка и ракомет (натпревари за медал)
- Лондонски велопарк – велосипедизам (писта) и велосипедизам (ВМХ)
- Копер бокс арена – мечување, ракомет и современ петобој (мечување)
- Ривербанк арена – хокеј на трева
- Ватерполо арена – ватерполо
Речна зона
- Ексел Центар – бокс, мечување, џудо, пинг-понг, теквондо, кревање тегови, борење
- Гринички парк – коњички спортови, современ петобој (трчање, пукање)
- O2 арена – кошарка (финале), гимнастика
- Кралска артилериска касарна – стрелаштво
Централна зона
- Сеанглиски клуб за тенис на треба и крикет - тенис
- Ерл Корт Центар - одбојка
- Плоштад на коњичката гарда - одбојка на плажа
- Хајд Парк - пливање (маратон), триатлон
- Лордов терен за крикет - стреличарство
- Маратонска патека - атлетика (маратон)
- Реџентс Парк - велосипедизам (пат)
- Вембли арена - бадминтон, ритмичка гимнастика
- Стадион Вембли - фудбал (финале)
Надвор од Лондон
- Езеро Дорни - кану (спринт), кајак, веслање
- Хадли Фарм - планински велосипедизам
- Воден Центар "Ли Вели" - кану (слалом)
- Национален едриличарски центр Вејмут и Портланд - едрење
Фудбалски стадиони
Турнирот во фудбал се одржа на следниве стадиони:
- Рикокс арена (Ковентри)
- Хемпден парк (Глазгов)
- Стадион Милениум (Кардиф)
- Олд Трафорд (Манчестер)
- Сент Џејмс Парк (Њукасл)
Remove ads
Краток преглед
- Во првиот круг од женскиот турнир во фудбал, организаторите направиле превид кога за време на натпреварот меѓу Колумбија и Северна Кореја на семафорот било погрешно истакнато знамето на Јужна Кореја наместо она на Северна Кореја. Фудбалерките на Северна Кореја во знак на протест го напуштиле игралиштето, а натпреварот започнал со доцнење од повеќе од еден час откако грешката била исправена.[9] По завршувањето на натпреварот, членовите на организацискиот комитет на игрите испратиле официјално извинување до Олимпискиот комитет на Северна Кореја.
- Игрите биле свечено отворени од страна на кралицата Елизабета II која станала првата личност којашто прогласила за отворени Олимписки игри во две различни држави.
- Најуспешен натпреварувач на игрите бил американскиот пливач Мајкл Фелпс, кој освоил 4 златни и 2 сребрени медали, и со вкупно 22 освоени медали на Олимписките игри станал најуспешниот олимпиец по бројот на освоени медали, соборувајќи го дотогашниот рекорд на советската гимнастичарка Лариса Латинина со 18 освоени медали. Со неговата победа во трката на 200 м мешано, тој станал првиот пливач кој успеал да освои златен медал во една иста дисциплина на три Олимписки игри.
- Американката Миси Френклин победила во пливачките трки на 100 и 200 м грбно, а освоила уште два златни и еден бронзен медал во штафетните трки, со што била најуспешна натпреварувачка на игрите.
- Кинеската пливачка Је Шевен освоила две златни медали во трките на 200 и 400 м мешано со само 16 години, поставувајќи нов светски рекорд во подолгата трка.
- По одигрувањето на два натпревара на турнирот во бадминтон во женска конкуренција бил извршен нивен детален преглед, откако се појавиле гласини дека и обете двојки, кои веќе имале обезбедено учество во понатамошните натпревари, се обиделе „намерно“ да ги загубат своите последни натпревари во групната фаза, со цел да бидат вкрстени со „полесни“ противници. Грешките од страна на овие двојки биле забележливи и преку негативните реакции од страна на присутните.
- Во стрелаштво, Кимберли Роуд од САД победила во дисциплината стрелање глинени гулаби и го освоила својот трет златен и вкупно петти медал на Олимписките игри. Со тоа, таа станала првата жена која освоила три златни медали во стрелаштво и трет натпреварувач воопшто, по Ралф Шуман од Германија и Џин Џонг-ох од Јужна Кореја.
- Тениските натпревари на терените на Вимблдон ги одбележала Американката Серена Влијамс, која освоила два златни медали, поединечно и во двојки. На тој начин, таа станала првата тенисерка по Штефи Граф, којашто успеала да освои „Златен Гренд Слем“, т.е. победи на сите Гренд Слем турнири и златен медал на Олимписките игри. Машкиот дел од турнирот бил одбележан со најдолгите два натпревара во Олимписката историја; златниот медал го освоил Енди Мареј со победата против Роџер Федерер во финалето.
- Љубителите на атлетиката биле сведоци на четири нови светски рекорди, меѓу кои и рекордот во женската штафетна трка на 4 х 100 м. Имено, штафетата на САД ја завршила трката во време од 40,82 s, што било за 55 стотинки подобро остварување од дотогашниот рекорд на штафетата на Источна Германија, стар 27 години.
- Јусејн Болт победил во трките на 100 и 200 м, како и во штафетната трка на 4 х 100 м, со што станал првиот атлетичар којшто успеал да ги одбрани титулите во овие трки освоени на претходните Олимписки игри.
- Во атлеткската трка на 400 м, златниот медал го освоил 19-годишниот Кирани Џејмс од Гренада, кој на својата земја ѝ го донел првиот медал од Олимписките игри.
- За време на една од квалификациските трки на 800 m, алжирскиот атлетичар Тауфик Махлуфи престанал да трча и го напуштил тартанот само по претрчани 200 m. Според пројавените гласини, Махлуфи „намерно“ ја напуштил трката, со цел да може подобро да се подготви за трката на 1500 м. Веднаш потоа, тој бил отстранет од игрите од страна на Меѓународната атлетска федерација, која го обвинила за недавање на искрен напор, нарушувајќи го олимпискиот идеал. Сепак, по поднесената жалба од страна на алжирските службени лица дека всушност станувало збор за мала повреда на коленото, му било дозволено учество во трката на 1500 м, во којашто Махлуфи го освоил златниот медал.
- Во натпреварите во фудбал, репрезентативките на САД го освоиле третиот златен медал на Олимписките игри едноподруго. Машкиот турнри завршил со победа на репрезентативците на Мексико, коишто го освоиле првото олимписко злато во фудбал за својата земја, откако во финалето ја победиле фаворизираната репрезентација на Бразил со 2-1.
- На одбојкарскиот турнир, репрезентацијата на Русија го освоила златниот медал со победата од 3-2 над Бразил во финалето откако бразилските одбојкари не успеале да искористат две меч-топки при водство од 2-0 во третиот сет. Сепак, женската репрезентација на Бразил го одбранила златниот медал од игрите во Пекинг, совладувајќи ја репрезентацијата на САД со 3-1 во финалниот натпревар.
Remove ads
Спортови
Во програмата на Летните олимписки игри 2012 се вклучени вкупно 26 спортови и 38 дисциплини. На почетокот биле планирани 28 спортови, како и на претходните игри, но неподредно по изборот на Лондон за домаќин на игрите, безболот и софтболот биле отстранети од програмата на олимписките игри. Како потенцијални замени фигурирале каратето и сквошот, но ниеден од двата спорта не добил доволен број на гласови на гласањето на ченовите на МОК (било потребно двотретинско мнозинство).[10] На седница на МОК на 13 август 2009 година, било одлучено на програмата на игрите да се вклучи бокс во женска конкуренција.[11]
|
Распоред на натпреварувања
Ова е распоредот на настаните на Летните олимписки игри 2012 од 15 октомври 2010 г.[12] Официјалниот финален распоред на настаните беше соопштен на 15 февруари 2011 година.[13]
ЦО | Церемонија на отворање | ● | Натпревари | 1 | Финални натпревари | ЦЗ | Церемонија на затворање |
Remove ads
Земји-учеснички
На игрите учествуваат околу 10.500 спортисти од 204 национални комитети, што ги прави овие игри најголем спортски настан некогаш одржан во Обединетото Кралство.

На националниот олимписки комитет на Холандските Антили му било одбиено барањето самостојно да учествува на игрите по распадот на Холандските Антили, од страна на извршниот одбор на МОК во јуни 2011 година. Сепак спортистите од Холандските Антили на игрите учествуваа самостојно под олимпиското знаме.[14]
Иако имало почетна загриженост, за неиспраќањето на женски спортистки од страна на Саудиска Арабија, Брунеј и Катар, сепак на крајот Саудскискиот тим решил да испрати две спортистки.[15][16]
Remove ads
Освојувачи на медали
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads