Мољано Венето
општина во Италија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мољано Венето (итал. Mogliano Veneto) е град и општина во покраината Тревизо (регион Венето) во северна Италија, на половина пат помеѓу Местре (Венеција) и Тревизо.
Remove ads
Култура
Градот е познат по средновековниот фестивал кој се организира во септември секоја година. Од 1 до 10 декември на плоштадот Пјаца Пио X се приредува божиќен пазар со тезги на малостопанственици од разни краишта.
Сообраќај
Низ градот минува мошне прометниот автопат наречен „Тераљо“, кој е впрочем историски пат кој го поврзувца Тревизо со Местре/Венеција. Низ Мољано Венето минува и железничката линија Удине-Венеција и затоа градот претставува престојувалиште на оние што работат во околните индустриски подрачја.
Познати личности
Мољано Венето е родно место на познатиот уметник Џовани Батиста Пиранези (1720-1778).
Збратиемни градови
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads