Удине
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Удине (фурлански: Udin, германски: Weiden, латински: Utinum) или Видем (словенечки: Videm) — град и општина во Североисточна Италија, во средината на регионот Фурланија-Јулиска Краина, со местоположба помеѓу Јадранското Море и Аплите (Карнски алпи), оддалечен помалку од 40 км од словенската граница. Во 2016 година во градот живееле 99.244 жители.
Remove ads
Имиња и етимологија
Удине првпат бил утврден во средновековните записи како „Удене“ во 983 година и како Утинум околу 1000 година. Потеклото на името Удине е нејасно. Одредени претпоставки упатуваат на тоа дека името има предримско потекло, поврзано со индоевропскиот збор *„ou̯dh-“ ’udder‘ користен во фигуративна смисла да значи ’брдо‘.[1][2] Словенечкото име за градот, „Видем“ е хиперкорекција на локалното словенско име „Видан“, засновано на словнечките населбите „Видем“.[2] Словенечкиот јазичар Павле Мерку ја опишал словенската форма „Видем“ како "идиотска хиперкорекција од 19. век."[3]
Remove ads
Историја
Удине е историски главен град на областа Фурланија. Оваа област била населена уште во неолитско време, а подоцна, веројатно, била населена од Илирите.
Врз основа на една стара унгарска легенда, Атила (?–453), водачот на хуните, изградил брдо тука, при опсадата на Аквилеја, бидејќи имал потреба од зимско живеалиште: тој ги упатил своите војници да донесат почва во нивните шлемови и штитови, бидејќи пределот бил премногу рамен, без ниту еден рид. Тој тука основал град, и изградил кула во форма на квадрат.[4]
По падот на Западното Римско Царство, областа го зголемила своето значење по распадот на Аквилеја а потоа и на Чивидале. Во 983 година, Удине бил спомнат за првпат, со донацијата на замокот Утинум од царот Отон II на патријарсите на Аквилеја, тогаш главни феудалци во регионот. Во 1223 година, со основањето на пазарот,[5] градот станал најважен во областа во економска и трговска смисла, и станал седиште на патријархот.

Во 1420 година, градот бил освоен од Венецијанската Република.[5] Во 1511 година, тој бил седиште на кратка граѓанска војна, која била проследена од земјотрес и од чума. Удине останал под венецијанска контрола до 1797 година,[5] и бил втор најголем град во државата. По кратката француска доминација која следела, тој бил дел од Кралството Ломбардија-Венеција, и бил вклучен во новоформираното Кралство Италија во 1866 година.[5]
За време на првата светска војна, пред поразот во Битката кај Капорето, Удине станал седиште на италијанската висока команда и бил наречен „Capitale della Guerra“ („воен главен град“). По битката, градот бил окупиран од австријците во 1918 година сè до крајот на Битката кај Виторија Венета истата година. По војната Удине станал главен град на краткотрајната провинција Фурланија во која биле клучени актуелните провинции Горицa, Порденоне и Удине. По 8 септември 1943 година, кога Италија се предала на сојузниците во втората светска војна, градот бил под директна германска управа, која престанала да важи во април 1945 година.
Remove ads
Клима
Удине има влажна суптропска клима со студени зими и топли и жешки лета. Врнежите изобилуваат во текот на годината а посебно во пролет и есен. Највисоката измерена температува во градот изнесува 38.2 °C (21 јули 2006 г.), додека најниската измерена температура изнесува −18.6 °C (19 декември 2009 г.).[6]
Демографски податоци
Во 2007 година, вкупно 97,880 луѓе живееле во рамките на градот (поширокото градско подрачке има двојно повеќе население), од кои 46.9% биле мажи и 53.1% биле жени. Малолетните лица (18-годишни деца и помлади) биле застапени со 14.36 проценти од населението додека пензионерите биле застапени со 24.27 проценти. Просечната возраст на жителите на Удине била 47 години, пет години повеќе од италијанскиот просек. Во петгодишниот период од 2002 - 2007, населението на Удине пораснало за 1.48 процент, додека вкупното население во Италија во целина пораснало за 3.56 проценти. Архивирано на 9 јули 2006 г. Архивирано на 26 април 2009 г. Моменталната стапка на раѓања во Удине изнесува 9.13 раѓања на 1,000 жители споредено со италијанскиот просек од 9.45 раѓања.
Во градот и околу има словенечко население проценето на околу 2,000 жители.[5] Документ од 1475 година го споменува словенечкиот јазик како јазик на "долната класа" во градот, и ракопис во Удине кој датира од 1458 година содржи словенечки зборовен фонд.[5] Италијанско-словенечкиот речник на Аласија да Сомарипа бил испечатен во Удине во 1607 година.[5] Катедра на словенечки јазик била отворена на Универзитетот во Удине во 1970 година.[5]
Во 2006 година, 90.90% од населението било од италијанско потекло. Најголемата доселеничка група доаѓала од европски држави (главно од Австрија и Хрватска): 5.37%, следена од потсахарска Африка (главно од Гана): 1.65%, и Северна Африка: 0.77%.
Remove ads
Сообраќај
Со 7,600,000 луѓе кои патуваат секоја година, железничката станица во Удине е најважна станица во регионот. Градот железнички е поврзан со Венеција, Тревизо, Трст, Гемона дел Фриули, Тарвизио, Чивидале дел Фриули, Падова, Болоња, Рим, Верона и Милано. Меѓународни возови се обраќаат кон Виена и Минхен.
Спорт

Главен фудбалски клуб во градот е Удинезе Калчо, основан во 1896 година, кој се натпреварува во Серија А. На нивниот домашен терен, Стадионот Фриули, се играле натпревари на Светското првенство 1990.
Локалниот кошаркарски клуб, Снајдеро Удине, се натпреварува во втората италијанска кошаркарска лига.
Меѓународни врски
Збратимени градови
Удине е збратимен со:
|
Галерија
- Венецијанска куќа
- Катедралата
- Црква „Св. Франческо“
- Плоштадот „Св. Џакомо“
- Портата Манин
- Аквилејската порта
- Универзитетот во Удине
Наводи
Доплнителен материјал
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads