Мпумаланга
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мпумаланга (чиешто географско преименување од Источен Трансвал се случи на 24 август 1995) е покраина во ЈАР. Името значи "место каде што изгрева Сонцето" на јазикот Зулу. Мпумаланга лежи во источна ЈАР, северно од Натал и граничи со Свазиленд и Мозамбик. Таа е 6.5% од вкупната површина на ЈАР. На север граничи со Лимпопо, а на запад со Фристејт и Гаутенг. Главен град е Нелспруит. До 1994 Мпумаланга беше дел од покраината Трансвал.
Змејските Планини ја делат Мпумаланга на западна половина која се состои главно од тревни површини, опфатени со името Хајвелд и источна половина која се наоѓа на ниска алтитуда. Јужната половина на Кругерскиот национален парк е сместена во источната половина на Мпумаланга.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads