Музичко училиште „Тоше Проески“ - Битола
државно основно и средно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Музичко училиште „Tоше Проески“ (познато и како Државно музичко училиште - Битола) — централно основно и средно музичко училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]
Достапни се насоките музичар теоретичар и музичар изведувач. Во состав на училиштето работи и основно музичко училиште каде се образоваат 238 ученици распоредени во 14 паралелки.
Remove ads
Основање и развој
Музичкото училиште од Битола е меѓу најстарите во Македонија. Формирано е со решение на Министерството за народна просвета на Народна Република Македонија бр. 5290 од 5 октомври 1946 година. Со настава училиштето започнало наредната 1947 година откако биле обезбедени основните услови за започнување на наставата.
Уште на самиот почеток голем бил интересот за посетување на училиштето. Во тие оскудни услови биле запишани 148 ученици во трите отсеци: клавирски, гудачки и дувачки. Наставата ја започнале седум наставници меѓу кои и Петровски Велко - Паскали, кој бил и првиот управник на училиштето. Наставата се изведувала на еден клавир, две труби и неколку виолини што биле премалку, па затоа наставниците одржувале часови до доцна навечер. Но постојната грижа на народната власт за развојот на училиштето овозможувало полека да се создадат услови за подобро работење, па така училиштето седум пати се преселувало од зграда до зграда сè до неговото вселување во денешните две згради.
Од започнувањето со настава низ училиштето поминале повеќе од три илјади ученици. Денес наставата се одвива во 4 паралелки за средно образование, и 14 паралелки за основно образование.
Remove ads
Учество на натпревари
За својата плодна и сестрана активност Музичкото училиште е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои најзначајна е наградата “4 Ноември“ на градот Битола доделена од страна на Општината Битола во 1987 година.
Покрај учеството на учениците на натпревари Музичкото училиште e успешен организатор и домаќин на регионални и државни натпревари.
Освоени награди
За својата плодна и сестрана активност Музичкото училиште е добитник на повеќе награди и признанија меѓу кои најзначајна е наградата „Четврти Ноември“ на градот Битола која Општината Битола му ја доделила на училиштето во 1987 година.
Покрај учеството на учениците на натпревари, музичкото училиште било и успешен организатор и домаќин на регионални и државни натпревари.
Познати личности кои учеле во ова училиште
- Тоше Проески - соло пејач
- Михаило Николовски - композитор и педагог,
- Милица Шперовиќ - пијанист и педагог,
- Славе Димитров - композитор,
- Љупчо Константинов - композитор,
- Тоде Новачевски - композитор,
- Тодор Светиев - пијанист,
- Владимир Костов- виолинист,
- Марија Вршкова - пијанист,
- Цветан Стојановски - соло пејач,
- Христијан Спировски - пијанист.
- Кире Костов - композитор.
- Исмаил Лумановски - македонски и американски кларинет, познат виртоуз на грната,
Remove ads
Познати личности кои предавале во ова училиште
- Кирил Македонски - македонски композитор;
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads