Општини во Македонија

првостепена административна единица на Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Општини во Македонија
Remove ads

Општините во Македонијаадминистративни единици од прв степен. Во август 2004 година, а дополнително во 2013, Македонија била реорганизирана на 80 општини од кои 10 го сочинуваат Градот Скопје, кој е посебна единица на локална самоуправа.

Во периодот од 1996 до 2004 година Македонија имала 123 општини, а со последната административна поделба бројот се намалил. Така, дел од општините останале непроменети, а дел биле споени со поголеми општини. По број на население и според пописот од 2002 година, најголема општина во Македонија е Куманово со 105.484 жители, а најмала е Вевчани со 2.433 жители. По површина, најголема општина е Прилеп која има 1.194 км2, а најмала е Чаир со површина од 3,5 км2.

Административната поделба на Македонија била сменета во 2013 година. Во 2013, по локалните избори на 24 март, општините Другово, Вранештица, Зајас и Осломеј престанале да постојат и биле припоени кон Кичево. Така бројот на општини од 84 се намалил на 80. Покрај општините, административно Македонија е поделена и на 8 плански региони, но тие не се сметаат за првостепена административна поделба, туку како плански региони за развој.

Remove ads

Историја

1952 - 1955

Во периодот од 1952 до 1955 година Народна Република Македонија имала повеќестепена административна поделба. Републиката била поделена на 18 околии, потоа на:

  • 27 градски општини и
  • 205 (рурални) општини.[1]
Thumb
Повеќе информации Околии и општини во НР Македонија (1952-1955) ...

1955 - 1957

Во периодот од 1955 до 1957 година Народна Република Македонија имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкупно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои биле 85 на број. Дел од овие општини го образувале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.[2]

Според ова административно уредување, биле укинати општините:

  • Во Битолската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 14 општини: Бач, Будаково, Буково, Велушина, Доленци, Жван, Ивањевци, Кажани, Кременица, Логоварди, Лопатица, Маково, Старавина, и Смилево
  • Од поранешната Гевгелиска Околија биле укинати 5 општини: Башибос, Дедели, Миравци, Негорци, Удово
  • Од поранешната Гостиварска Околија биле укинати 9 општини: Бањица, Вруток, Дебреше, Никифорово, Србиново, Сенокос, Трница, Чајле, и Чегране
  • Од поранешната Дебарска Околија биле укинати 6 општини: Баланци, Жировница, Косоврасти, Коџаџик, Лазарополе, и Манастирец
  • Од поранешната Кичевска Околија биле укинати 12 општини: Брждани, Другово, Ижиште, Извор, Јагол Доленци, Мало Црско, Модриште, Орланци, Растеш, Раштани, Самоков, и Староец
  • Од поранешната Кочанска Околија биле укинати 8 општини: Блатец, Грљани, Злетово, Зрновци, Нивичани, Оризари, Полаки, и Чешиново
  • Од поранешната Кривопаланечка Околија биле укинати 7 општини: Герман, Градец, Длабочица, Добровница, Жидилово, Огут, и Петралица
  • Во Кумановската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 12 општини: Арбанашко, Бајловце, Бедиње, Думановце, Жегљане, Матејче, Облавце, Павлешенци, Романовце, Слупчане, Страцин, и Шопско Рударе
  • Од поранешната Малешевска Околија биле укинати 4 општини: Владимирово, Драмче, Каменица, и Тработивиште
  • Од поранешната Овчеполска Околија биле укинати 8 општини: Горобинци, Драгоево, Ерџелија, Карбинци, Крупиште, Немањица, Три Чешми, Трооло
  • Во Охридската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 10 општини: Вевчани, Галичица, Драслајца, Дримкол, Издеглавје, Караорман, Лабуништа, Радолишта, Сливово, и Требеништа
  • Од поранешната Преспанска Околија биле укинати 4 општини: Јанковец, Љубојно, Подмочани, и Царев Двор
  • Од поранешната Прилепска Околија биле укинати 12 општини: Бела Црква, Витолиште, Дебреште, Долно Дивјаци, Дуње, Дупјачани, Канатларци, Костинци, Мало Коњари, Норово, Старо Лагово, и Тројаци
  • Во Скопската Околија биле укинати 15 општини: Бразда, Буковиќ, Бунарџик, Вучидол, Зелениково, Горно Количани, Јаболци, Катланово, Кучевиште, Љубанци, Рашче, Сарај, Сингелиќ, Средно Коњари, и Цветово
  • Од поранешната Струмичка Околија биле укинати 10 општини: Вељуса, Доброшинци, Ињево, Калаузлија, Костурино, Мокриево, Муртино, Подареш, Попчево, и Турново
  • Во Тетовската Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 8 општини: Вратница, Горно Седларце, Групчин, Долно Палчиште, Непроштено, Милетино, Шемшево, и Шипковица
  • Од поранешната Тиквешка Околија биле укинати 7 општини: Бегниште, Долни Дисан, Дреново, Крњево, Мрежичко, Пепелиште, и Росоман
  • Во Титоввелешката Околија (територијата на околијата со старите граници од 1952-55) биле укинати 7 општини: Војница, Горно Врановци, Долно Јаболчиште, Згрополци, Иванковци, Раштани, и Теово

Легенда: (Н) значи новооснована општина; со задебелени букви се населените места кои се седишта на општините.

Повеќе информации Околија, Општина ...

1957 - 1965

Во периодот од 1957 до 1965 година Народна Република Македонија, односно Социјалистичка Република Македонија, имала првостепена и второстепена административна поделба. Првостепената административна поделба била составена од околиите, кои биле вкупно седум, а второстепената административна поделна биле општините кои во 1957 година биле вкупно 61 на број, согласно укинувањето на 12 општини. Повторно, четири општини го образувале градот Скопје, кој имал посебен административен статус.[4]

Според ова административно уредување, биле укинати општините:

  • Во Охридската Околија биле укинати 5 општини: Асамати, Велешта, Зајас, Луково, Манастирец, и Челопеци
  • Во Тетовската Околија била укината 1 општина: Ростуше
  • Во Титоввелешката Околија биле укинати 3 општини: Демир Капија, Дојран, Извор
  • Во Штипската Околија биле укинати 3 општини: Конче, Лакавица, и Радање

Забелешка: Поради малите промени направени во однос на територијалната поделба од 1955 година, во овој список се наведени само општините кои претрпеле промени.

Повеќе информации Околија, Општина ...

1965 - 1996

Во 1965 година во Социјалистичка Република Македонија бил донесен нов закон со кој биле укинати околиите и како единствена административна поделба останале само општините. Тогаш биле создадени нови општини кои опстојувале до 1996 година, кога биле укинати со закон на Република Македонија. Од 1965 до 1996 година во Македонија имало 32 општини, од кои неколку го формирале градот Скопје како посебна административна единица.

1996 - 2004

Во 1996 година бил донесен нов закон за територијална поделба на Македонија со кој се укинал законот на СР Македонија. Според тој закон Македонија имала 123 општини кои претставувале првостепена и единствена административна поделба.

2004 - 2013

Thumb
Карта на општините во Македонија (2004-2013).

Во 2004 година бил донесен нов закон за територијална поделба на Македонија.[5] Новонастанатите општини почнале да функционираат во 2005 година.

Повеќе информации Регион, Општина ...

2013 - до денес

Thumb
Карта на руралните и урбаните општини во Македонија.
Remove ads

Општини

Во следната табела се наведени сите општини во Македонија по азбучен ред. Покрај тоа, во табелата има информации за седиштата на општините, кодовите, површината, населението и регионот во кој се наоѓаат истите. За знамињата и грбовите, видете ги галериите за општински знамиња и грбови.

Повеќе информации Грб, Општина ...

Во март 2013 кон Кичево се припоиле следниве општини (горните податоци за Кичево се со вкупните податоци за сите пет поранешни општини):

Повеќе информации Грб, Општина ...
Remove ads

Означени карти со врски

Карта на општините во Македонија од 2013 година до денес
Карта на општините во Македонија од 2004 до 2013 година

Белешки

^ Општини, вкупно 10, кои го сочинуваат Град Скопје
^ Хиерархиски административни поделбени кодови (HASC): поврзани со ISO поддржавните кодови

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads