Мушково

село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia

Мушковоmap
Remove ads

Мушково — село во североисточниот дел на Македонија, во Општина Кратово, во околината на градот Кратово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Куќа во селото

Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Кратово.[2] Селото е планинско и раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 1.120 до 1.300 метри. Од градот Кратово селото е оддалечено седум километри.[2]

До селото се стигнува преку асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 29271.

Историја

Селото се споменува во грамота на Константин Драгаш од 1381 година, како село во близина на манастирот „Св. Гаврил Лесновски“.[3]

Во османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Кратово од 1618 - 1619 година, селото е запишано под името Мушкова со 38 домаќинства.[4]

Според пописот од 1637 година, селото имало 36 домаќинства.[5]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 12,9 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 602 хектари, на пасиштата отпаѓаат 460 хектари, а на обработливите површини 211 хектари.[2]

Во основа, може да се каже дека селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мушково живееле 350 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мушково имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.[8]

Мушково во 1961 година имало 322 жители, а во 1994 година само 47 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Мушково живеел 51 жител, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 43 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Remove ads

Општествени установи

Thumb
Месната заедница во селото
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Мушково било село во Кратовската каза на Отоманското Царство.

Селото се наоѓа во Општина Кратово, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кратово. Селото припаѓало на општината Кратово и во периодот 1955-1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Кратовска градска општина, во која покрај градот Кратово, се наоѓале и селата Близанци, Горно Кратово, Емирица, Железница, Живалево, Кавран, Кнежево, Којково, Куново, Мушково, Нежилово, Приковци, Туралево, Филиповци и Шлегово. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Мушково, во која влегувале селата Емирица, Каврак, Кнежево, Којково, Куново и Мушково.

Избирачко место

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 0906 според Државната изборна комисија, сместено во простории на месната заедница.[14]

На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[15]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads