Мушмула

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мушмула
Remove ads

Мушмула (науч. Mespilus) е род од два вида скриеносеменици во потсемејството јаткасто овошје на фамилијата Рози. Еден вид е Обичната мушмула Mespilus germanica, е долго познат и по потекло е од Азија и веројатно Балканскиот Полуостров, додека пак другиот е Стернова мушмула Mespilus canescens, откриен неодамна (1990) во Северна Америка.

Кратки факти Мушмула, Научна класификација ...

Мушмулите се листопадни растенија во облик на големи грмушки или мали дрва кои растат до 8 м во височина. Листовите се елиптични и темнозелени, со должина од 6 до 15 см и широчина од 3-4 см. Пред да паднат на есен, лисјата стануваат спектакуларно црвени. Цвета доцна на пролет со бели цветови со пет ливчиња. Овошјето му е плод со пречник од 2-3 см, со силни, раширени венчени ливчиња кои оддават впечаток дека овошјето е шупливо.

Овошјето на мушмулата е многу тврдо и кисело. Станува јадливо одкога ќе омекне на мразот, или природно со складирање доволно долго време. Одкога ќе почне да омекнува, кожата набргу му се набира и потемнува и внатрешнбоста му станува прилично мека. Можат да се јаде пресно, или од него да се прави мармалад, желе и вино. Друго јадење е т.н. „мушмулино сирење“, кое се засирува со самата мушмула, а содржи и јајца и путер.

Мушмулата бил домашен вид во Персија и има долга историја на одгледување и кај Старите Грци и Римјани почнувајќи од II век н.е.

Remove ads

Наводи

  • Davidson, A. (1999). Medlar, стр. 494 од The Oxford Companion to Food. ISBN 0-19-211579-0
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads