Национален парк Папароа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Националниот парк Папароа (англ. Paparoa National Park) се наоѓа на западното крајбрежје на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

Паркот е основан во 1987 г. и зафаќа површина од 306 км2.[1] Паркот се протега од крајбрежјето, па сè до врвот на планата Папароа. На север се наоѓа посебен дел од паркот, низ чие средиште тече потокот Анануи.
Паркот заштитува варовничко карстно подрачје. Во него има неколку пештери, а една од нив е туристичка атракција. Најголемиот дел од паркот е пошумен со најразновидна вегетација.
На самиот крај на паркот е сместено малото селце Пунакаики.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads