1 јануари
датум From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Предлошка:Јануари 2025
1 јануари — првиот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 364 денови до крајот на годината (365 во престапна).
Настани:
| 45 п.н.е. | Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулијански календар. |
| 404 | Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум. |
| 439 | Објавен е Теодосиевиот законик, најголемата збирка на римски закони во тој период. |
| 1651 | Чарлс II е крунисан за крал на Шкотска. |
| 1801 | Церера, првиот познат астероид е откриен од Џузепе Пјаци. |
| 1804 | Независност на Хаити од Франција. |
| 1818 | Мери Шели го објави романот за чудовиштето на Франкенштајн. |
| 1880 | Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот Канал. |
| 1892 | Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави. |
| 1901 | Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер. |
| 1908 | За првпат пуштена топка изработена од кристали и електрични светла плоштадот Тајмс сквер во Њујорк, отпочнувајќи традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година во градот. |
| 1909 | Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов. |
| 1925 | Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Претходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година. |
| 1932 | Во Виена се одржа првиот Новогодишен концерт.о Виена се одржа првиот Новогодишен концерт. |
| 1942 | Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации. |
| 1945 | Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“. |
| 1948 | Основана е Државната опера на Народна Република Македонија |
| 1959 | За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста. |
| 1965 | Под водство на водачот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО. |
| 1982 | Перес де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации. |
| 1990 | формирана е политичката партија НДП. |
| 1995 | Започна со работа Светската трговска организација. |
| 1997 | Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева. |
| 2002 | Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија. |
| 2006 | Почна примената на Законот за заштита од пушењето. |
| 2007 | Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија. |
| 2017 | Поранешниот премиер на Португалија од Социјалистичката партија, Антонио Гутерес станува Генерален секретар на ООН. |
Родени:
| 1449 | Лоренцо де Медичи — владетел на Фиренца. |
| 1823 | Шандор Петефи — унгарски револуционер и лирски поет. |
| 1863 | Пјер де Кубертен — основоположник на модерните Олимписки игри. |
| 1873 | Марија Јуриќ Загорка — хрватска писателка и новинарка. |
| 1878 | Пејо Јаворов — бугарски поет, сопатник и биограф на Гоце Делчев. |
| 1879 | Е. М. Форстер — англиски писател. |
| 1894 | Џон Форд — американски режисер. |
| 1895 | Џ. Едгар Хувер — директор на ФБИ. |
| 1912 | Ким Филби — британски таен агент на КГБ. |
| 1915 | Бранко Ќопиќ — српски писател. |
| 1923 | Милт Џексон — американски џез-музичар. |
| 1932 | Иван Лацковиќ — хрватски сликар. |
| 1934 | Бранко Варошлија — македонски писател, литературен критичар, драматург и новинар. |
| 1937 | Влатко Марковиќ — хрватски фудбалер и тренер. |
| 1940 | Мерсад Бербер — босански сликар. |
| 1941 | Ева Рас — српска глумица. |
| 1942 | Корнелие Ковач — српски рок-музичар, член на групите Индекси и Корни група. |
| 1946 | Ривелино — бразилски фудбалер. |
| 1946 | Снежана Стамеска — македонска глумица. |
| 1949 | Љубодраг Симоновиќ — српски и југословенски кошаркар. |
| 1951 | Слободан Халиловиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 1952 | Миле Китиќ — српски фолк-пејач. |
| 1956 | Енди Гил — британски рок-музичар и продуцент. |
| 1959 | Панајотис Јанакис — грчки кошаркар. |
| 1963 | Дражен Ладиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 1968 | Давор Шукер — хрватски фудбалер. |
| 1972 | Лилијан Тирам — француски фудбалер. |
| 1973 | Врбица Стефанов — македонски кошаркар. |
| 1973 | Искра Трпева — македонска поп пејачка. |
| 1977 | Хасан Салихамиџиќ — босански фудбалер. |
| 1982 | Давид Налбандијан — аргентински тенисер. |
| 1985 | Оскар Гато — италијански велосипедист. |
| 1988 | Алекс Хаус — американски велосипедист. |
| 1997 | Гонсало Монтиел — аргентински фудбалер. |
Починале:
| 1515 | Луј XII — француски крал. |
| 1894 | Хајнрих Рудолф Херц — германски физичар. |
| 1941 | Петар Поп Арсов — македонски револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, автор на првиот македонски устав. |
| 1953 | Хенк Вилијамс — американски кантри-музичар. |
| 1972 | Морис Шевалије — француски пејач и глумец. |
| 1995 | Методија Ивановски - Менде — македонски сликар и сценограф. |
| 2001 | Фабијан Шоваговиќ — хрватски глумец. |
| 2012 | Киро Глигоров — прв претседател на независна Македонија. |
| 2021 | Зоран Џорлев — македонски виолинист. |
| 2025 | Вејн Озмонд — американски поп-музичар. |
Празници:
| * | Куба прославува Ден на ослободувањето. |
| * | Во државите кои го користат грегоријанскиот календар од полноќ, 00:01 часот, со огномет започнува да се слави почетокот на Новата Година. |
| * | Ден на јавната сопственост во многу држави ширум светот. Тоа е ден кога заштитената сопственост престанува да важи и делата преминуваат во т.н. јавна сопственост. |
| * | Според Римокатоличкиот календар:
|
| * | Според македонскиот Православен календар:
|
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads