Национален парк Те Уревера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Националниот парк Те Уревера (англ. Te Urewera National Park) — поранешен национален парк во Нов Зеланд и најголемиот од четирите на Северниот Остров. Зафаќа површина од околу 2.127 км2, и се наоѓа североисточно од регионот Хоков Залив.

Областа е прогласена за национален парк на 28 јули 1954 г, сочинувајќи се од сливното подрачје на езерата Ваикаремоана, Ваикареити и други крунски резервати, а во 1957 кон паркот се придодадени и сите крунски земјишта северно од Руатахуна, со дополнителни 1.350 км2. Паркот е прошируван и во 1962, 1975 и 1979 г. со помали додавки и менување на границите во периодот меѓу тие години.
Во паркот не е вклучено езероското дно и маорските енклави. Круната го издава езерското дно под наем, кое е под управа на Службата за заштита на природата.
Те Уревера е роден крај на племето Тухое. Заради географската изолација, овој бил еден од последните региони кои потпаднале под британска власт за време на колонизацијата во XIX век. Маорскиот водач Те Кути во бегство се засолнил кај ова племе, и со нив склучил сојуз.
Името на паркот доаѓа од маорските зборови „уре“ што значи пенис и „вера“ што значи изгорен, па така името би се превело како „изгорен пенис“. Ова се однесува на една маорска приказна за еден главатар кој спиејќи се превртел и се стркалал во логорски оган, и така умрел.
Remove ads
Природознание
Паркот е дом на најразновидна флора и птици. Од пониската вегетација мошне распространет е крунскиот папрат (Blechnum discolor).[1] Во паркот живеат сите птици присутни на Северниот Остров освен веката.[2]
Наводи
- C. Michael Hogan. 2009. „Крунски папрат: Blechnum discolor“, Globaltwitcher.com, уредн. Н. Стромберг (англиски)
- Служба за заштита на природата на Нов Зеланд. 2009. Национален парк Те Уревера (англиски)
- Charles Rawlings-Way, Carolyn Bain, Brett Atkinson, Errol Hunt, Peter Dragicevich and Sarah Bennett. 2008. New Zealand, Lonely Planet Publications, XIV издание, ISBN 1-74104-816-8 756 страници
Белешки
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads