Немашница (Мустафино)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Немашница или Рамништеархеолошко наоѓалиште кај светиниколското село Мустафино. Претставува населба од римско време.

Повеќе информации Основни податоци ...

Се наоѓа на 2,5 км североисточно од селото, до патот што води за селото Буриловци. Претставува зарамнета тераса што се издига над Буриловска Река, со простор од околу 300 × 300 м, на која се простираат ниви сопственост на ЗИК „Овче Поле“.

Со земјоделските работи, особено со длабокото орање, на површината е исфрлен многуброен археолошки и градежен материјал. Најмногубројни се фрагментите од керамички садови со разновидни облици (паници, чинии, пехари, бокали и др.), од домашно производство и увозни. Се среќаваат и рачни мелници, тегули, имбрекси, тули, делкан и обичен кршен камен од темели на објекти.[1]

Површински наоди се чуваат во Народниот музеј во Свети Николе.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads