Буриловци

село во Општина Свети Николе From Wikipedia, the free encyclopedia

Буриловциmap
Remove ads

Буриловци — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото првпат е споменато како Бориловци во турски документи од 1519 година. Неговото потекло доаѓа од личното име Борило (Боре или Борислав).[2]

Село со слично име (Бурилчево) се наоѓа во западниот дел на Кочанската Котлина.[3]

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Овче Поле, во источниот дел на територијата на Општина Свети Николе.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 360 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 22 километри.[4]

Селото се наоѓа западно од селата Стануловци и Арбасанци, во плитката долина на Буриловска Река. Реката доаѓа од селата Мечкуевци и Ранчинци на север и оди кон Мустафино на југ. Жителите се снабдуваат со вода за пиење од една чешма и немаат бунари. Надвор од селото има неколку мали извора.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Еѓупка, Главица, Војнички Рид, Бела Земја, Немашница, Бојаџија, Церибашица, Црвена Земја, Балев Крс, Пороиште, Долна и Горна Река и Тридолци.[3]

Селото има разбиен тип и е поделено на две маала: Горно и Долно. Постаро е Долното Маало.[3]

Селото скоро и да не е поврзано со никаков пат и до него се пристапува преку земјен пат низ ниви.

Remove ads

Историја

Остатоците од старини укажуваат дека на денешното село имало жители уште од стари времиња. Мештаните зборуваат дека во самото село ископувале дебели ќерамиди, врчви и гробови.[3]

Буриловци е старо село, отсекогаш семстено на денешното место. Некогаш, ова село имало многу домови, но за време на отоманскиот период, кога беговите почнале да им ја одземаат земјата на селаните, селото се намалило и доста се иселиле.[3]

Во XIX век, Буриловци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 8,9 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 724,6 хектари, на пасиштата отпаѓаат 138,4 хектари, а на шумите само 7,7 хектари.[4]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[4]

За време на отоманскиот период, голем дел од земјата ја држале турски бегови. Скоро една половина од селскиот атар бил во посед на Изет-бег. Овој, но и другите бегови, живееле во Штип. При ослободување, малобројните Македонци во селото дел од земјата ја откупиле, а еден дел во 1936 година го добиле од државата. Во овој период, државата доделувала земја во селскиот атар на доселениците, кои главно биле од Горна Пчиња во Србија.[3]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5]

Селото е мало и е во фаза на наполно раселување. Во 1961 година селото броело 210 жители, а во 1994 година само 13 жители, македонско население.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Буриловци живееле 14 жители, Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 1 жител, Македонец.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Буриловци е чисто македонско православно село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Родови доселени во турско време: Ташковци (4 к.), Кочевци (2 к.), Митевци (1 к.) и Марганци (6 к.). Ташковци се доселени од селото Ерџелија, подалечно потекло непознато. Останатите родови се доселени со непознато потекло.
  • Родови доселени од 1936 година: Стајевци (2 к.), доселени се од селото Лесница кај Трговиште, Србија; Стојановци (2 к.), Тошевци (2 к.), Јаќимовци (2 к.), Божиловци (1 к.) и Баба-Ѓурчинци (2 к.), доселени се од селото Долни Стајевац кај Трговиште, Србија; Сурличанци (3 к.), доселени се од селото Сурлица кај Трговиште, Србија; Китановци (2 к.) и Петрушевци (1 к.), доселени се од селото Трница кај Трговиште, Србија; Петковци (1 к.), доселени се од селото Метежево, Кривопаланечко; Дичевци (1 к.), доселени се од селото Мечкуевци и таму биле доселени однекаде; Смилевци (1 к.), доселени се од селото Преод, таму биле староседелци; Стојчевци (1 к.) и Арсевци (1 к.), доселени се од селото Арбасанци, таму биле доселени од раселеното село Тоља и Спировци (1 к.), доселени се од Кичевско.
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Свети Николе во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ерџелија, во која покрај селото Буриловци, се наоѓале и селата Амзабегово, Аџибегово, Богословец, Горно Црнилиште, Делисинци, Долно Црнилиште, Ерџелија, Кадрифаково, Мустафино и Пеширово. Селото било дел од некогашната општина Мечкуевци во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Арбасанци, Буриловци, Мечкуевци, Ранчинци, Патетино и Станулевци.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1698 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Мустафино. Во ова избирачко место се опфатени и селата Арбасанци, Буриловци и Стануловци.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 347 гласачи.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 340 гласачи.[13]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[14]
Цркви[15]
Реки[3]

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads