Неоренесанса

From Wikipedia, the free encyclopedia

Неоренесанса
Remove ads

Неоренесанса — истористички уметнички стил од првата третина од крајот на XIX век, а најмногу се одразил во архитектурата.

Thumb
Градба во неоренесансен стил

Неоренесансата се темели врз основа на архитектурата на италијанската и француската ренесанса од XVI век, со дополнителни елементи позајмени од грчката и римската архитектура.

Иако неоренесансата што се совпаѓала со раѓањето на националните држави во XIX век, често се претопувала во националните стилови, па затоа имало бројни национални потстилови (германски, англиски, руски, француски итн.). Тоа беше време на забрзана индустријализација и брзо зголемување на градовите, тоа беше време на брза експанзија - и во овој стил се издигнаа многу јавни објекти низ Европа и Северна Америка.

Remove ads

Историја и одлики

Неоренесансата беше популарна во две одвоени фази. Првата фаза траела од 1840 до 1885 година, а втората од 1890 до 1915 година. Поради скапиот материјал потребен за изградба, во стилот на неоренесанса најмногу се граделе јавни и бизнис објекти, а мал број на станбени објекти, кои најмногу биле големи палати на богати луѓе од тоа време. Општо земено, неоренесансата бил најраспространет стил на истористичката архитектура воопшто.

Неоренесансата во Франција

Париската академија на уметностите била највлијателниот архитектонски универзитет низ Западниот свет во 19 век. Основана во 1819, како наследник на Кралската Академија за архитектура, не привлекувала студенти само од Франција, туку од цела Европа, а после 1850 и од Северна Америка. На академијата врз архитектурата се гледало како на јавна работа која требала со своите остварувања да се презентира националното и граѓанското достоинство, односно во склад со тоа се концентрирала за насочување на студентите кон проблемите за проектирање на монументалните јавни градби во класичен стил.

Thumb
Палатата на Виктор Емануел

Неоренесансата во Италија

Неоренесансата во Италија се поклопила со раѓањето на националната држава (1861), па е прифатена како национален стил со оглед на тоа дека ренесансата е родена во Тоскана. Прв голем амбициозен проект бил Палатата на правдата во Рим, подигната помеѓу 1888-1910. Истовремено е подигнат и споменикот на Виктор Емануел (1895-1911) на Џузепе Сачони кој денес е еден од спомениците на Рим.

Remove ads

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads