Непокор (стихозбирка)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

„Непокор“ — стихозбирка на македонскиот поет Анте Поповски, првобитно објавена во 1964 година, како издание на „Култура“.

Содржина

Збирката содржи три поеми:[1]

Осврт кон делото

Слободан Мицковиќ ја оценува збирката „Непокор“ како логично продолжение на поетскиот концепт во „Вардар“, кој на места е идентичен во двете книги, а повремено е различен, но и тогаш двете книги остануваат комплементарни. И во оваа збирка се присутни трагедијата и страдањето, но сега надополнети со непокорот, сублимиран во ликовите на Гоце Делчев и Крсте Мисирков. Поетскиот говор во збирката е потполно објективизиран, а тоа се постигнува преку лапидарното кажување кое го затскрива поетот и има тенденција да се прикаже како самоговор. Тааа згуснатост на исказот се потпира на херметичниот говор на старите записи и сугерира не поетско одење во минатото, туку доаѓање на самото минато во поезијата. Затоа, во овој концепт нема место за поетското „јас“ кое се објективизира и ја укинува својата егзистенција.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads