Нераште

село во Општина Теарце From Wikipedia, the free encyclopedia

Нераштеmap
Remove ads

Нераште — село во Општина Теарце, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 17 километри северно од Тетово.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 29 семејства, 1 неженет и 2 вдовици, сите христијани.[2]

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Нераште живееле 465 жители Албанци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[4]

На пописот од 2002 година, селото имало 3.485 жители, од кои 3.478 Албанци и 7 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.724 жители, од кои 2 Македонци, 2.670 Албанци, 1 останат и 51 лице без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Како еден од најстарите албански родови во селото се споменува родот Реч (46 куќи), кој потекнува од тројца браќа: Демир, Арслан и Арло. Од нив потекнуваат денешните семејства. Потеклото им — селото Реч, коешто се наоѓа на левата страна од реката Црн Дрим во северна Албанија, а во Македонија живеат од првата половина на 19- иот век.[11]

Нераште е албанско село.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Љаље (6 к.) они се помуслиманети, па поалбанчени Македонци. Мешајќи се со Албанците целосно се имаат албанизирано.
  • Доселеници: Дибран (14 к.) и Оџалари (15 к.) доселени се од околината на Пешкопеја во северна Албанија. Во првиот род се знае следното родословие: Ејуп (жив на 60 г. во 1948 година) Баки-Шаќир-Баки-Фета-Дурмиш, кој се доселил во селото; Реч (46 к.) во Нераште дошле тројца браќа (Демир, Арслан и Арла) од селото Реч кое лежи на левата страна на реката Дрим во северна Албанија. Го знаат следното родословие: Исен (жив на 70 г. во 1948 година) Ајрула-Мемиш-Арла, еден од браќата кои се доселиле; Маџар (31 к.), Мифтаре (22 к.), Јазаџи (13 к.), Шукере (9 к.), Бектеш (7 к.), Вајље (4 к.), Шабане (4 к.) и Шуљк (9 к.) сите се доселени од северна Албанија. Некои се од фисот Красниќи; Цека (5 к.) и Татар (3 к.) доселени се од селото Длабочица кај Качаник; Љоке (6 к.) они се од фисот Красниќи. Постои род со истото име во селото Котлина кај Качаник кои имаат (40 к.). Најверојатно они се дојдени од таму; Гушиц (1 к.) доселени се од селото Гушица кај Качаник; Стрег (1 к.) порано живееле во селото Подбреѓе, нивното потекло е турско.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2029, 2029/1, 2030, 2030/1, 2031 и 2031/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и здравствен пункт.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3.653 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Православните Македонци од ова село целосно се иселиле во XIX век. Од нив се знае за родот Пејовци (4 к.) кои се иселени во блиското село Варвара.[12]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads