Неретва

From Wikipedia, the free encyclopedia

Неретва
Remove ads

Неретварека која протекува низ Босна и Херцеговина и Хрватска и се влева во Јадранското Море. На Неретва се изградени повеќе хидроцентрали. Најголеми притоки на Неретва се Рама, Требижат, Буна и Брегава. Должина: 225 km (203 во Херцеговина). Неретва тече низ Динаридите. Последните 30 километри оваа река се претвора во алувијална делта, пред нејзиното влевање во Јадранското Море.

Кратки факти Земји, Извор ...
Thumb
Стариот мост во Мостар

На својот пат кон устието Неретва тече низ Коњиц, Јабланица, Мостар, Чаплина, Почитељ, Метковиќ и Опузен. Најголем град на Неретва е Мостар.

Стариот мост на Неретва во Мостар (кога за време на војната во Босна го срушиле единиците на ХВО во 1993, а кој е реконструиран во 2004 година) е прогласен од организацијата УНЕСКО за споменик од светско културно наследство.

Remove ads

Поврзано

  • Битка кај Неретва

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads