Нестор (митологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во грчката митологија, Нестор од Геренија (старогрчки: Νέστωρ Γερήνιος, Нестор Герениј) - легендарен крал на Пилос. Тој е истакнат лик во Хомеровите дела како „ Илијада“ и „Одисеја“, каде што се појавува како постар воин кој често на другите ликови им нуди совети.


Палатата од микенската ера во Пилос е позната како „Палатата на Нестор“.Ова име на палатата потекнува од хомеровите епови, каде самиот Нестор е опишан како крал на Пилос и мудар советник на Ахајците во „Илијада“ и „Одисеја“. Сепак нема никакви историски докази дека Нестор бил вистинската личност.
Remove ads
Опис
Во записот на Дарес Фригиецот, ликот на Нестор е претставен како човек со впечатлива појава – голем, широк, убав и праведен. Неговиот нос бил долг и закачен, што му давало препознатлив изглед. Освен физичките карактеристики, Нестор бил познат и како мудар советник, чија мудрост и искуство му давале посебна улога меѓу хероите.
Семејство
Воедно, Нестор бил син на кралот Нелеј од Пилос и Хлорис, [1] ќерка на кралот Амфион од Орхомен, мајката на Нестор се викала Полимеда. [2]
Според преданијата, Неговата имал сопруга која во различни извори е познта по различни имиња како Евридика или Анаксибија. Имале повеќе деца: Пејсистрат, Трасимед, Писидика, Поликаста, Персеј, Стратих, Арет, Екефрон и Антилох.
Во подоцнежните записи се споменува и неговата ќерка Епикаста која подоцна станала мајка на Хомер од Телемах.
Remove ads
Митологија
Поврзано
Наводи
Дополнително читање
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
