Никола Алтипармаков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Никола Алтипармаков
Remove ads

Никола Вељанов Алтипармаков — македонски револуционер, член на Македонската револуционерна организација.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Никола Алтипармаков е роден во 1873 година во битолското село Доленци. Родители му се Вељан и Трена Алтипармакови, а негови браќа се Ристе и Илија, кои исто така биле револуционери на ВМОРО.[2] Во редовите на ВМОК се вклучил во 1890 година, кога во Варна дал заклетва пред луѓе од организацијата, меѓу кои Трајко Китанчев. Истата година, Никола Алтипармаков бил испратен од Организацијата во Романија, за да собира парична помош за Македонците, но од романските власти бил задржан три месеци во затвор, а потоа бил вратен во Бугарија.

Во 1902 година учествувал во Горноџумајското востание, кога со оружје заминал во Горна Џумаја заедно со војската на генерал Иван Цончев. На 20 март 1903 година, Никола Алтипармаков се вратил во Битола.

За време на Илинденското востание, Никола Алтипармаков бил активен како позадинец, заедно со Арнаутов и Чачков. Во 1904 година бил уапсен од турската власт и осуден на смрт, но по една година бил амнестиран. Во 1915 година бил уапсен од српските власти и одлежал 2 години затвор. Повторно, бил уапсен од српската власт во 1919 година на 2 години.[1]

Починал во Битола, во 1953 година.[3]

Remove ads

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads