Никола Митрев-Езерски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Никола Митрев - Езерски познат како Елешанец,[1]Елшанчето, Елшански[2] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Борбата во Костурско и Охридско (до 1904 год.) по спомени на Никола Митрев

Езерски е роден е во 1864 година во селото Елшани, Охридско. Поради тешките услови за живот наметнати од големата сиромаштија никогаш не посетувал училиште, туку рано почнал да работи како надничар. Во потрага по работа тргнал со група печалбари во Бугарија, и подалеку, дури во земјите под Кавказ. За време на еден краток престој во Варна, разбрал дека таму постои македонски револуционерен комитет на кој решил да му се придружи. Избувнувањето на Илинденското востание го затекнало на Кавказ. Оттаму, со дружина од 12 Македонци од Ресенско и Костурско, тргнал кон Македонија за да се вклучи во борбите. Иако останал неписмен до крајот на животот, тој поседувал голема одлучност и организациони способности, поради што во Илинденското востание бил назначен за раководител на Езерскиот востанички реон - така и го добил прекарот Езерски. По задушувањето на востанието, Езерски го продолжил отпорот од густите шуми на планината Галичица. На крајот било решено да се скрие оружјето и сите борци да се вратат во своите домови. Тогаш, за да се спаси од прогонот на Османлиите, Езерски решил да пребегне во некое место каде бил на печалба и каде би можел полесно да се снајде.[3].

Последен пат бил виден во Софија, во 1904 год., со други пребегнати борци од Охридско. Потоа, за понатамошниот негов живот не се знае многу. Според кажувања на некои македонски печалбари, Никола Митрев - Езерски својот живот го завршил во Варна, поради болест стекната по патот [4]. Неговите потомци живеат во Елшани.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads