Никола Тонџоров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Никола Христович Тонџоров (околу 1806 - 1876) е бугарски преродбеник, просветен деец и учител.
Биографија
Роден е во градот Самоков, тогаш во Отоманската Империја. Потекнува од занаетчиско семејство, а негов брат е Димитар Тонџоров, учител во Пловдив, Копривштица, Самоков, Брезник и Батак, каде што е убиен за време на Априлското востание. Друг негов роднина е Иван Алексиев Тонџоров, протестантски пастор и проповедник, соработник на списанието „Зорница“, весникот „Македонија“ и други.
Никола Тонџоров учи во родниот град меѓу 1826 и 1827 година кај Неофит Рилски, со кого подоцна одржува пријателски односи и му испраќа собрани народни песни. Во Букурешт ја совладува взаимоучителната метода. Од јануари 1835 година предава во Свиштов. Истата година отвора взаимоучително училиште во Самоков, каде што предава до 1843 година. Предава во Пловдив меѓу 1844 и 1846 година, во Ќустендил во 1847–1848 и 1849–1850 година. Го забрзува создавањето на взаимоучителното училиште, го опремува со клупи, взаимоучителни табли (66 парчиња), црна табла, катедра за учителот. Во 1850 година отвора ново световно училиште, во кое се запишуваат учениците што го завршиле Взаимоучителното училиште. Воведува нови предмети: историја, географија, животопис, благонравие, катехизис, граматика, грчки јазик, сметање и гимнастика. Предава по нова методика – класно-урочна. Воведува и свечени годишни испити (испитувањето), кои на почетокот се одржуваат на 30 јануари. Раководи со двете училишта и е нарекуван главен учител. Од способните ученици подготвува свои помошници (подидаскали) за Взаимоучителното училиште и за помалку значајните предмети во класното училиште. Турците го прогласуваат за „московец“ (поради гимнастиката, во која гледале воена подготовка на учениците), и е принуден предвреме да го напушти градот. Меѓу 1850 и 1852 година предава во Велес.
Загина во Батак, каде што го затекнува Априлското востание од 1876 година. Негови ученици се истакнатите преродбеници Јордан Хаџиконстантинов Џинот, Натанаил Охридски, Синесиј Скопски, Агапиј Војнов, Рајко Жинзифов.
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads