1950
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1950 (MCML) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1950 година од новата ера, 950. од вториот милениум, 50. од XX век и прва од 1950-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7458 и 7459 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6700 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5710 и 5711 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2703.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1950 година се протега во 4586 и 4587, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4646 и 4647 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2493. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1369 и 1370 исламска година.
Remove ads
Настани
јануари
- 6 јануари - Британија ја признава Народна Република Кина
- 9 јануари - Израел ја признава Народна Република Кина
- 26 јануари - Индија формално е прогласена за Република во рамките на Британскиот комонвелт.
- 28 јануари - Сомалиленд е ставена под италијански мандат
февруари
- 12 февруари - Основана е Европскиот радиодифузен сојуз
март
април
- 16 април - Во Скопје е основано Друштвото на ликовните уметници на Македонија
- 23 април - Со Указ на Президиумот на Народното собрание на НР Македонија донесена е одлука Царево Село да биде преименувано во Делчево
мај
- 9 мај - Роберт Шуман го презентира својот предлог за создавање на организирана Европа. Тој предлог, подоцна познат како Шуманова декларација, е почетокот на формирањето на Европската Унија
јуни
- 25 јуни - Започнува Корејската војна
- 26 јуни - Народното собрание на ФНРЈ го донесува Законот за самоуправување со претпријатијата и стопанските организации
јули
август
септември
- 26 септември - Индонезија е примена во Обединетите Нации
октомври
- 7 октомври - Започнува кинеската инвазија на Тибет
- 26 октомври - Мајка Тереза започнува со својата хуманитарна активност во Калкута, Индија
ноември
- 28 ноември - Југославија и Грција воспоставуваат дипломатски односи
декември
Remove ads
Родени
- 10 февруари - Марк Шпиц, американски пливач
- 25 февруари - Нестор Кирхнер, аргентински претседател
- 26 февруари - Хелен Кларк, новозеландски премиер
- 22 март - Горан Бреговиќ, босански музичар
- 10 април - Стивен Сегал, американски глумец
- 17 мај - Јанез Дрновшек, словенечки претседател
- 1 септември - Михаил Фрадков, руски премиер
Починале
- 21 јануари - Џорџ Орвел, англиски писател
- 2 ноември - Џорџ Бернард Шо, ирски писател
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads