Нилски коњи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Нилски коњи
Remove ads

Нилски коњи или водни коњи ((науч. Hippopotamidae)) — голокожи полуводни парнокопитни цицачи со трикоморни желудници кои одат на четири прсти.

Кратки факти Нилски коњи Период: среден миоцен до денес, Научна класификација ...

Ова се големи цицачи, со кратки набиени нозе и округло тело. Имаат големи глави, со широка уста, и ноздри поставени на врвот од муцката. Како и свињите, имаат 4 прсти, но за разлика од свињите, овие животни ги користат сите 4 прсти за одење. Желудникот им е поделен на 3 комори, но не спаѓаат во вистинските преживари.

Сите преживеани видови се со мазна кожа, немаат лојни и потни жлезди. Епидермот е релативно тенок поради што нилските коњи многу брзо дехидрираат ако се во сува околина[1].

И секачите и песјаците се големи и слични како забите на слоновите. Овие издадени песјаци растат преку целиот живот. Постпосјаците се големи и комплексни, адаптирани за џвакање на растенијата со кои се хранат овие животни. Бројот на секачите варира дури и меѓу единките на ист вид.

Remove ads

Еволуција

Членовите на ова семејство се потомци на семејството Anthracotheriidae, семејство на полуводни животни кои живееле за време на доцниот еоцен, и кои личеле на нилски коњи со мали глави. Денешното семејство Hippopotamidae се одвоила за време на миоценот. После појавата на вистинските нилски коњи, членовите на Anthracotheriidae почнале да изумираат како последица на климатските промени и на конкуренцијата со нивните потомци. Последниот ред Merycopotamus, умрел во Африка во раниот плиоцен.

Во минатото имало голем број на различни видови од ова семејство, меѓутоа денес има само 2 преживеани видови: Hippopotamus amphibius и Choeropsis liberiensis. Тие се последните потомци на 2 еволуциски гранки – вистинските нилски коњи и пигмејските нилски коњи.

Kenyapotamus кој живеел во миоценот, е недоволно познат за да може со сигурност да се вклучи во ова семејство. Родот Hexaprotodon, е ограничен на изумрени видови кои живееле околу северот и североистокот на индискиот океан.

Remove ads

Видови

Класификацијата и таксономијата се според последните истражување на Боасери (Boisserie) во 2005 година[2].

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads