Свиња
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свиња — род животно од семејството на свињите (Suidae) кое опфаќа 10 современи видови, како и еден припитомен подвид, домашна свиња.
Remove ads
Remove ads
Физички одлики
Свињите имаат подигната муцка, мали очи и мала опашка, што често е извиткана, но понекогаш и права. Имаат големи наслаги од сланина и кратки нозе. Секоја нога има по четири прста, од кои по два се значително поголеми од другите два и се користат за одење. Свињите маат 44 заби[2] при што песјаците им растат во текот на целиот живот, па често горните заби ги тријат од долните, за да ги трошат. Свињите имаат исклучително чувствително сетило за мирис. Затоа, во минатото тие често се користеле за пронаоѓање тартуфи, а и денес се користат за таа намена во некои европски земји. Бидејќи немаат потни жлезди, во текот на летото, кога има високи температури, свињите се разладуваат валкајќи се во вода или во кал. Тоа им помага и против изгореници, како и против муви и други паразити. Свињите се многу интелигентни и луѓето ширум светот ги чуваат и како домашни миленици.
Remove ads
Исхрана
Свињите се сештојади, што значи дека јадат храна и од растително и од животинско потекло. Тие ги јадат дури и посмртните остатоци од животните, а забележано е дека јадат и мртви инсекти, црви, струготини од дрво, ѓубре, па дури и остатоци од други свињи. Исто така, тие јадат и стаорци, глувци и помали глодачи. Во дивината, свињите најчесто јадат корења, трева, овошје, цвеќе и зеленчук. Во заробеништво, свињите понекогаш ги јадат и сопствените млади, обично кога се сериозно фрустрирани и под стрес.
Remove ads
Размножување
Женката свиња - маторица, може да се пари на возраст од 8-18 месеци, а машките свињи на 8-10 месечна возраст. Кога ќе се породи, свињата на свет носи 6 до 12 младенчиња, што се викаат прасиња.
Свињата како мотив во уметноста и популарната култура
Свињата како мотив во народното творештво
Свињата како мотив во книжевноста
- „Гуде“ — басна во стихови на Михо Атанасовски.[7]
- „Прасето на Каландрио“ - расказ збирката „Декамерон“ на италијанскиот писател Џовани Бокачо.[8]
- „Свиња во магарешка опера“ — басна на Ристо Давчевски.[9]
- „Боговското прасе“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.[10]
- „Како прасе расте“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[11]
- „Свиња“ - расказ на англиската писателка Дорис Лесинг.[12]
Свињата како мотив во популарната музика
- „Прасиња“ (англиски: Piggies) - песна на британската група Битлси од 1968 година.[13]
- „Прасе од порцелан“ (англиски: China Pig) - песна на американската рок-група Captain Beefheart and his Magic Band од 1969 година.[14]
- „Прасенце“ (англиски: Piggy) - песна на американската група Nine Inch Nails од 1994 година.[15]
- „Марш на прасињата“ (англиски: March Of The Pigs) - песна на американската група Nine Inch Nails од 1994 година.[15]
- „Вертикално прасе“ (англиски: Vertical Pig) - песна на британската група The Future Sound of London од 1994 година.[16]
- „Прасиња во Зен“ (англиски: Pigs in Zen) - песна на американската рок-група Janes Addiction од 1987 година.[17]
Remove ads
Видови свињи
- Домашна свиња
- Брадеста свиња (Малезија, Индонезија)
- Sus bucculentus (Виетнам)
- Sus cebifrons
- Папиларна свиња
- Sus heureni
- Sus philippensis (Филипини)
- Sus salvanius
- Дива свиња (Европа, Азија)
- Sus timoriensis (Тимор)
- Sus verrucosus (Индонезија, Филипини)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads