Новогард

град во Западнопоморското Војводство, Полска From Wikipedia, the free encyclopedia

Новогардmap
Remove ads

Новогард (полски: Nowogard, германски: Naugard; кашупски: Nowògard) — град во Голењувскиот Округ на Западнопоморското Војводство, северозападна Полска. Населението брои 16.756 жители (2017).[1]

Кратки факти Новогард Nowogard, Земја ...
Remove ads

Име

Името е кованка од зборовите нови и гард, што значи град на некогашниот поморски јазик.

Местоположба

Градот се наоѓа на 60 км североисточно од Шчеќин и 55 км јужно од балтичкиот брег.

Историја

Местото настанало како средновековно утврдување (град)[2] и првпат споменува во 1268 г. како Ногарт во повелбата на поморскиот кнез Барним I, со која местото ѝ се предава на Каминската епископија како нејзин посед. Тука епископите подигнале замок.[2] Во 1274 г. гратчето и околината биле под управа на Ото фон Еберштајн и останале во сопственост на семејството сè до 1663 г. Во 1309 г. Новогард е прогласен за град, усвојувајќи ги германските закони.

Во првата половина на XIV век се подигнати утврдувања со долгнавесто пазариште во средината. Тука е подигната управната зграда и црквата. По смртта на последниот член на семејството Еберштајновци, во 1663 г. Нојгард му припаднал на Ернст Богуслав Крој, а во 1684 г. прешол во владение на изборни кнезови на Бранденбург.[2]

Во Источнопоморската операција за време на Втората светска војна, Црвената армија разурнала околу 60 отсто од градот.[2] На 5 март 1945 г. градот е зазеден од советската војска и предаден на Полска. Населението е истерано или пребегало, а на негово место се населени Полјаци.

Знаменитости

Главна знаменитост на Новогард е големото езеро кое се протега до градскиот центар. Долго е 2,7 км, а широко 620 м. Непосредната околина на градот е пошумена.

Познати личности

  • Фридрих Михаел Цајгенхаген (1694 – 1776) — германски свештеник court preacher of британскиот крал Џорџ I

Збратимени градови

Новогард е збратимен со следниве градови:

Поврзано

  • Новогард (општина)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads