Ново Село (Полошко)
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ново Село — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
За други истоимени места, погледајте Ново Село.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото лежи во Полошката Котлина. Во близина се селата Зубовце и Врапчиште, а истото е оддалечено 8,3 километри од центарот на градот Гостивар.
Историја
Стопанство
Демографија
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ново Село живееле 72 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ново Село имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 19 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Ново Село е македонско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Староседелци: Стојковци (1 к.), Стојановци (1 к.), Димовци (2 к.) и Змејковци (1 к.).[9]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 453 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Врањовце.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 697 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Поради лошата географска положба, селаните од Ново Село се или биле приморани да функционираат надвор од селото, бидејќи селото не е опремено со продавници и останати места кои се потребни за опстанок. Затоа некои селани доброволно се преселиле од селото во соседно Зубовце кое е и најблиску до селото, или потполно се преселиле во градот Гостивар.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads