Ново Село (Седес)

село во општината Седес, Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ново Село (Седес)map
Remove ads

Ново Село или Ени Ќој (грчки: Αγία Παρασκευή, Агија Параскеви) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.152 жители (2021).

Кратки факти Ново Село Αγία Παρασκευή, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Халкидичкиот Полуостров, на околу 20 км јужно од Солун.

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот од XIX век Ново Село било село во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ново Село (Novo-Selo) имало 36 домаќинства сочинети од 164 жители Македонци.[2][3]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ени Ќој живееле 121 Македонци.[2][4]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Јени-Ќој (Yeni-Keuy) имало 105 жители Грци и во селото имало грчко основно училиште со двајца учители и 45 ученици.[5]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Ново Село е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 120 жители, кои во 1920 г. нараснале на 180 лица.[6] Во 1920-тите тука биле сместени грчки доселеници. Во 1928 г. Ново Село е претставено како дојденско село со 134 семејства сочинети од 537 лица.[7] Според Тодор Симовски таа година во Ново Село имало 943 жители, од кои 138 биле грчки доселенички семејства, а останатите биле староседелци. Од дојденците, 77 семејства биле од Источна Тракија, 48 од Мала Азија, 12 од Понд и 1 од Бугарија.[6]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Стопанство

Населението се занимава претежно со земјоделство, а делумно и со сточарство.[6]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads