Нордиска група
група месечини на Сатурн From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нордиска група — голема група на повратни неправилни месечини на Сатурн. Нивните големи поуоски се движат од 12 до 24 Гм, наклоните им изнесуваат од 136° до 175°, а занесеноста им е од 0,13 до 0,77. За разлика од Инуитската и Галската група, орбиталните параметри се широко распределени и групата веројатно е сочинета од разни подгрупи со поеднообразни орбитални и физички параметри. На пример, се смета дека само оние со наклон околу 174 степени се од две подгрупи. Други осум ја образуваат Скадиевата подгрупа. Нивните големи полуоски се движат од 15 до 20 Гм, а наклоните им се помеѓу 147° и 158°. Нарви образува одделна подргупа со Бестла. Меѓународниот астрономски сојуз користи имиња од нордиската митологија (претежно џинови) за месечините од оваа група. Исклучок е Феба (старогрчка митологија), која е најголема и откриена долго пред останатите.

Во октомври 2019 г. е објавено дека се откриени 17 нови месечини во групата. Тие се дел од поголемото откритие на 20 месечини на Скот Шепард со телескопот „Субару“ на Мауна Кеја, сите со пречник од околу 5 км. Една од нив е најдалечната месечина на Сатурн. Сите седумнаесет исто така ќе добијат имиња од нордиската митологија.[1]
Remove ads
Членови
Ова се членовите на групата, подредени по близина до Сатурн:
|
|
- (?) — месечината не е повторно забележана откако е откриена, па затоа се смета за изгубена.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads