Нојрупин
град во Бранденбург, Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Нојрупин (германски: Neuruppin) — град и административно седиште на округот Источен Пригниц-Рупин, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на брегот на Рупинското Езеро.
Remove ads
Историја

Нојрупин имал углед дека е најмногу пруски од сите градови во Прусија, поради неговиот поранешен статус како пруски гарнизонски град. Романописецот Теодор Фонтане, архитектот Карл Фридрих Шинкел, потполковникот Ото Фридрих Фердинанд фон Гершен, генералот Херман Хот, серискиот убиец Карл Гросман и глумецот Клаус Шварцкопф се родени во Нојрупин. Фридрих Велики живеел во Нојрупин неколку години како престолонаследник на Прусија. Прускиот генерал и воен стратег Карл Филип Готлиб фон Клаузевиц исто така престојувал во Нојрупин неколку години.
Името Нојрупин означува „Нов Рупин“; првичната населба Рупин (подоцна Алтрупин, „Стар Рупин“) била сместена на североисточниот брег на Рупинско Езеро. Била основана околу 1150. Неколку стотици години подоцна, кога населбата станала премала за растечкото население, бил основан Нојрупин на западниот брег на езерото од војводите Линдов-Рупин. Вихман фон Арнштајн го основал манастирот Нојрупин (1246). Архитектот Јоахим Лудвиг Шултајс фон Унфрит најверојатно потекнува од Алтрупин. Денес е останата само манастирската црква.
Во 1688, Нојрупин станал пруски гарнизонски град. По катастрофалниот пожар во 1787, обновените градби во градот биле изграден во класицизам, што е одлика на градот и денес. Останал седиште на војската до крајот на 20 век, па така советските трупи биле сместени во градот до 1993; во текот на Источна Германија имало подеднакво војници колку жители во самиот град.
Remove ads
Галерија
- Споменик на Шинкел
- Скулптура од Матијас Загон Хол-Штајн
- Дворецот на семејството Генц во Генцроде
- Рупинското езеро со кулите на манастирската црква
- „Забине“ во Биненвалде
- Нојмиле
- Поранешна фабрика за апарати за гаснење пожар
- Штолперштајн
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads