Рупинско Езеро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рупинско Езеро (германски: Ruppiner See) е езеро во округот Источен Пригниц-Рупин, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа на надморска височина од 36,5 метри, а неговата површина е 8,25 км².
Remove ads
Историја
Словенски утврдувања се наоѓаат на устието на Рин на северниот брег. Во 12 век била основана германска населба Рупин (сега наречена Алтрупин) на самиот брег на езерото. Неколку децении подоцна бил основан Нојрупин на југозападниот брег. Била изградена воденица во Алтфризак, помеѓу езерото и Бицзе веднаш до словенската населба Вустрау. Вустрау веројатно е најстарата населба на езерото. Околу езерото има и други села, кои главно припаѓаат на градот Нојрупин. Вустрау и Алтфризак сега се една единица во општината Фербелин.
Remove ads
Економско и стратешко значење
Езерото било стратешки важно бидејќи било средиште на словенската област. Исто така имало и економска важност поради рибарството и сообраќајот. Изградбата на Рупинскиот Канал во 1788 ја зголемила неговата важност, бидејќи тогаш бил поврзан со Хафел и со Берлин.
Од 1898, железничката линија Кремен-Витшток го поделила езерото на два дела.
Денес, Рупинското Езеро е резерват познат како Ринлух. До почетокот на мај, водата е чувана во езерото, а потоа е испуштана низ браните во Алт Фризак за да се спречи мочуриштата да не се исушат.
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Рупинско Езеро на Ризницата ?
- Слики и карта на езерото Архивирано на 28 октомври 2016 г.
![]() | Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads