Обединети Арапски Емирати

From Wikipedia, the free encyclopedia

Обединети Арапски Емирати
Remove ads

Обединети Арапски Емирати или ОАЕ (арапски: арапски: دولة الإمارات العربية المتحدة) — држава во Југозападна Азија. Се наоѓаат на полуостровот Арабија. Се состојат од седум емирати. Главен град е Абу Даби.

Кратки факти Обединети Арапски Емирати دولة الإمارات العربية المتحدةDawlat al-ʾImārāt al-ʿArabiyyah al-Muttaḥidah, Најголем град ...
Remove ads

Потекло на поимот

Името на државата Обединети Арапски Емирати е самото описливо. „Обединети“ се однесува на федералниот систем на управување на државата, „арапски“ се однесува на етно-географското потекло на народот и регионот (види Саудиска Арабија) и „емирати“ се федералните единици каде управува емир. Поранешните имиња на државата биле Примирски Оман и Примирски Држави. Имињата ги добиле кога се ослободиле од британската колонизација и биле отфрлени со воведувањето на денешното име. Имињата потекнуваат од името Оман, а „примирни“ се однесува на примирјето меѓу Обединетото Кралство и локалните шеици.

Remove ads

Историја

Обединетите Арапски Емирати се изворно формирани од организираниот Арапски Полуостров низ јужниот брег Персискиот Залив и северозападниот брег на заливот на Оман. Тоа е дел на Оман и затоа е наречен Заливот на Оман . ОАЕ се создадени во 1971 кога емиратите се одединиле во една обединета држава . Таа е развиена во модерна високодоходна држава.

Remove ads

Географија и клима

Обединетите Арапски Емирати се сместени во Југозападна Азија граничејки со Оманскиот и Персискиот Залив. Помеѓу Султанството Оман и Саудиска Арабија.Обединетите Арапски Емирати лежат помеѓу 22°50′ и 26° СГШ и помеѓу 51° и 56°25′ ИГД .Со 530 км граничи со Саудиска Арабија на запад, југ и југоисток, а со 450 км граничи со Оман на југоисток и североисток. Земјата граничи и со Катар во Хавр ел-Удајд, област која е прототип за актуелен конфликт.

Политички систем

Претседателството и Премиерството на Обединетите Арапски Емирати наследно од родот (кланот) ел-Нахјан на Абу Даби и родот ел-Мактум од Дубаи. Врховното собрание,тоа го сочинуваат 7 емирати, Се бира и Совет на министри додека еден член е именуван од 40 членови. Тука е и сојузниот судски систем на сите емирати, освен Рас ел-Хајма кој е зачленет во сојузниот систем. Шеикот Зајед ел-Султан ел-Нахјан бил претседател на унијата сè до 2 ноември 2004 г, односно до неговата смрт. Врховното собрание го назначи за претседател Халифа бин Зајед ел-Нахјанм сино на Зајед бин Султан. Опати (2008) ги опишуива владините политичари во ОАЕ како една елитна класа на кралски владетели кои ги донесуваат сите одлуки во земјата во поглед на политиката и економијата во која се спроведува сè посовремена бирократија.

Remove ads

Административна поделба

Thumb
Карта на емиратите во ОАР
Thumb
Помалите емирати североисточно од Абу Даби

ОАР се состои од седум емирати. Најнаселен е Абу Даби, со 38% од земјата. Во градот Дубаи живеат уште 30% од жителите, што значи дека во овие две подрачја живеат над две третини од населението.

Повеќе информации Знаме, Емират ...
Remove ads

Стопанство

Соединетите арапски емирати имаат рапидно растечка економија и високи стандарди. По економско производство е 14 место во светот и трето на Блискиот Исток по Катар и Кувајт. Има повеќе различни проценувања на растењето на економското производство во ОАЕ. Како и да е, сите статистики покажуваат дека ОАР моментално има една од најбрзорастечките економии во светот. Според скорешен извештај на министерството за финансии, економскита трговија се покачила за 35% во 2006 година на 175 милијарди долари, во споредба со 130 милијарди во 2005 година. Иако ОАЕ стануваат сè помалку зависни на природните ресурси за развој на економијата, извозот на нафтата и земен гас сѐ уште игра важна улога во економијата. Огромниот градежен расцут и сè поголемата производна основа останати услуви им на помагаат ОАЕ да ја пренасочи својата економија. Во земјата моментално има вложени 350 милијарди долари во активни градежни проекти. Едни од тие проекти се Бурџ Халифа, Дубајскиот аеродром и Палмините Острови - најголеми уметнички вештачки острови во светот. Потоа следуваат, „Дубај Мол“, кој претставува најголемиот трговски центар на светот, и рачно направениот архипелаг наречен „Свет“, предвиден да ја прошири брзорастечката туристичка дејност. Во забавниот сектор игра улога „Дубаиленд“, двојно поголем од Дизниленд, Спортскиот град - Дубаи кој вдомува спортски групи, со можност и за приредување на олимпијада.

Remove ads

Демографија

Повеќе информации Бр., Емират ...

Религија

Повеќе информации Верници во Обединети Арапски Емирати ...
Remove ads

Култура

Наводи

Надворешни врски

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads