ОСУ „Мирко Милески“ - Кичево

From Wikipedia, the free encyclopedia

ОСУ „Мирко Милески“ - Кичево
Remove ads

ОСУ „Мирко Милески“ — средно општинско училиште, се наоѓа во строгиот центар на Кичево на улица Рудничка бр. 2[1]. Центарот располага со 25970 метри квадратни. На овој простор се сместени главната зграда, спортската сала, отворените игралишта за фудбал и кошарка, како и две машински работилници. Гимназијата има на располагање 24 училници, од кои во 21 може да се изведува класична настава.

Кратки факти

Моментално во центарот наставата редовно ја посетуваат 900 ученици, а бројот на стручниот кадар што ја води наставата брои 90 лица. наставата се изведува на македонски . ОСУ Мирко Милески започна со работа дамнешната 1952/53 година како виша гимназија Мирко Милески. Со општествениот развој како и поради економските прилики се спроведуваат реформи во сите училишни центри во Р Македонија, а и нашиот центар не претставува исклучок. Во текот на долгогодишната работа покрај гимназиското образование се појавуваат и други струки.

Remove ads

Образовни Профили

  1. Фармацевтско-лабораториски техничар
  2. Општествено-хуманистичко подрачје
  3. Електро-техничар за компјутерска техника и автоматика
  4. Економски техничар
  5. Медицинска сестра
  6. Природно-математичко подрачје
  7. Јазично-уметничко подрачје
  8. Машинско-енергетски техничар

Познати лица кои учеле во училиштето

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads