Општина Кичево
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Кичево — општина во Западна Македонија. Центар на општината е градот Кичево. Општината е проширена согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 г., кога кон општината се припоиле општините Зајас, Другово, Вранештица и Осломеј[2] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013 г.

Remove ads
Географија
Кичевскиот регион се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместен во Кичевската Котлина, која претставува јасно обликувана природна целина, опколена од сите страни со високи планини. Припаѓа на горното сливно подрачје на реката Треска, на северната страна допира до превојот Стража, на западната страна се издига планината Бистра, на јужната страна по долината на реката Треска се протега до Илинска Планина а на источната страна допира со северниот дел на Порече. Поголема река освен реката Треска е Зајаска река која тече во градот меѓу Китино Кале и населбата Бичинци.Низ градот тече и една помала река позната како Сушица, која како што кажува и самото име е периодична, со непостојан тек во текот на летниот перод. Со новата територијална поделба од 1996 година Кичевскиот регион е поделен на 5 општини: Општина Кичево, Општина Другово, Општина Зајас, Општина Осломеј и Општина Вранештица.
Remove ads
Историја
Историчарите забележале дека во близина на денешното Кичево постоел град Ускана кој се споменува во врска војувањето на македонскиот крал Персеј со Римјаните, во 170-169 година пред нашата ера. Други податоци не се познати, ниту со сигурност може да се каже каде бил и кој го подигнал.
Градот Кичево за првпат се споменува во 1018 година во една повелба на византискиот цар Василиј II, како место Кичавис кое во црковен поглед ѝ припаѓало на Охридската патријаршија и тоа по распаѓањето на Самоиловото Царство. Градот бил населен од племето Брсјаци кое претежно се занимавало со земјодели е и сточарство.
Градот Кичево го споменува и Охридскиот архиепископ Теофилакат во XI век, а меѓу пишаните извори се споменува и Кичевски триод пишуван од граматикот Георги.
Во средниот век споменатите територии потпаѓаат под средновековната Српска држава, што се потврдува со даровницата на Кралот Милутин, кој во 1294 го опсипал со подароци манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино.
Кичево и Кичевско потпаѓаат под турска власт кон крајот на XIV век. По освојувањето градот бил претворен во воен и административен центар. Со сѐ поголемиот прилив на странски капитал кон крајот на XIX век, турската империја пројавила интерес за експлатација на рудните богатства во овој регион особено за бакарот и манганот, а во градот се започнало со градителски и комунален развој.
Во подножјето на Кичевското Кале бил подигнат градски часовник, а во центарот на градот била изградена убава чешма и била донесена вода за пиење. Првите никулци на Македонската Револуционерна Организација започнале со револуционерната работа на Ѓаконт Јосиф на манастирот Света Богородица - Пречиста, како и на учителите во повеќе Кичевски села.
По направените обиколки и првите контакти со печалбарите по Кичевските села, Пере Тошев заедно со Јосиф, во 1878 година, ја формираат првата вооружена чета на чело со Дуко Тасев, а во чии редови бил и Јордан Пиперката. Тие ќе бидат предводници на познатата Брсјачка буна во 1880 година. Исто така и на 2 август 1903 започнува востание на чело со Арсо Војвода и Јордан Пиперката, а се држат ослободени територии до 9 август кога било крваво задушено. Кичево и Кичевско дефинитивно е ослободено од петвековното ропство во 1912 година по завршувањето на првата Балканска Војна. Но, дури тогаш страдањата биле уште поголеми особено во Втората балканска војна кога населението било поделено на две страни па не се знаело на која страна и за чии интереси се гине.
Во 1919 година со Версајската Конференција овој регион припаѓа на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците кои водат систематска политика на асимилација на населението. Во неверојатно тешни услови овој регион ја дочекува фашистичката окупација 1941 година, каде поголемиот дел од Македонија ја окупираат Бугарските сили. Кичевско е окупирано од италијанската војска.
Но Кичево нема да ги изневери старите револуционерни обичаи и се одзива на повикот на КПМ за револуционерна борба за слобода, а како идеен водач се јавува Кузман Јосифоски - Питу. На 15 декември 1941 година била формирана првата партиска организација во село Карбуница.
Првото ослободување на Кичево доаѓа во 1943 година на 11 септември веднаш по капитулацијата на Италија. Во периодот сѐ до конечното ослободување во 1945 година, Кичево било ослободувано дури шест пати, а ќе остане запишано дека тој е прв ослободен град во Македонија во текот на НОВ.
Посебна гордост на градот се двајцата народни херои Мирко Милески и Миха Михајлоски, а за сите 555 паднати борци е подигнат споменик Китино Кале.
Со историскиот референдум во 1991 година на 8-ми Септември, Македонија станува независна држава, со изградба на повеќепартиски систем и пазарно стопанство, а Кичево влегува во системот на транзиција.
Remove ads
Демографија
Според последниот попис од 2021 , Општина Кичево брои 39,669 жители од кои:
Вероисповед според последниот попис од 2021,
Вероисповед | Вкупно | Удел (%) |
Православни | 17,094 | 46.62% |
Муслимани | 22,449 | 61.22% |
Други Христијани | 78 | 0.21% |
Останати/Неизјаснати | 48 | 0.13% |
Говорници според последниот попис од 2021,
Јазик | Вкупно |
Македонски | 18,531 |
Албански | 18,279 |
Турски | 1 906 |
Ромски | 681 |
Влашки | 39 |
Српски | 71 |
Босански | 14 |
Останати | 148 |
Културни и природни знаменитости
Сигурно дека една од природните знаменитости на градот Кичево е реката Треска која претставува лева поголема притока на Вардар. Над Кичево се издигнува прекрасното ритче Крушино, богато со природа, чист воздух и зеленило кое претставува извонредно место за рекреација. Кичевското Кале е едно од обележјата на градот, а недалеку од Кичево се наоѓа и прочуениот Кичевски Манастир или Манастирот Пресвета Богородица — Пречиста кој во минатиот период претставувал важен центар за развојот на писменоста во овој дел од Македонија, а денес претставува прекрасно место во кое владее духовен мир облагороден од прекрасната местоположба, чистиот воздух и зеленилото. Манастирот Света Пречиста е место често посетувано од Кичевци како и од другите градови од Македонија. Интересен е и фактот што овој Манастир го посетуваат и лица од муслиманска вероисповед кои доаѓаат за да побараат здравје и среќа.
- Цркви
- Црква „Св. Ѓорѓија“ — црква од XVI век
- Археолошки наоѓалишта[3]
- Рашо Ливада — лежиште на монети од средниот век;
- Сретсело — населба од раниот среден век;
- Стар Задел — лежиште на сребрени монети од римското време;
- Бара — средновековна некропола;
- Бигор — доцноантичка населба;
- Јачмиште — доцносредновековна некропола;
- Латинска Црква — средновековна населба и некропола;
- Миќо Костенче — средновековна некропола;
- Раздол — доцноантичка некропола;
- Црквиште — доцноантичка населба;
Remove ads
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Кичево е Фатмир Дехари од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години. Функцијата градоначалник ја извршувал и во периодот 2013-2017.[4] Советот на општина Кичево е составен од 23 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

ДУИ: 9 места
ВМРО-ДПМНЕ: 6 места
СДСМ: 4 места
АА: 3 места
БЕСА: 1 место
Во склоп на општина Кичево до 2013 биле следниве населени места: Кичево, Кнежино, Лазаровци, Мамудовци, Осој, Раштани и Трапчин Дол.
По март 2013 година, под општина Кичево се следниве населени места: Атишта, Арангел, Бачишта , Белица, Бериково, Бигор Доленци, Брждани, Букојчани, Видрани, Вранештица, Гарани, Големо Црско, Горна Душегубица, Горно Добреноец, Горно Строгомиште, Грешница, Длапкин Дол, Долна Душегубица, Долно Добреноец, Долно Строгомиште, Другово,Дупјани, Ехлоец, Жубрино, Зајас, Иванчишта, Извор, Јаворец, Јагол, Јагол Доленци, Јудово, Карбуница, Кичево, Кладник, Кленоец, Кнежино, Козица, Козичино, Колари, Колибари, Крушица, Лавчани, Лазаровци, Лешница, Малкоец, Мало Црско, Мамудовци, Манастирско Доленци, Мидинци, Миокази, Ново Село, Орланци, Осломеј, Осој, Папрадиште, Патец, Подвис, Поповјани, Попоец, Пополжани, Премка, Прострање, Рабетино, Раштани, Речани-Зајаско, Речани-Челопечко, Светораче, Свињиште, Србица, Србјани, Староец, Стрелци, Тајмиште, Трапчин Дол, Туин, Цер, Црвивци, Челопеци и Шутово
Remove ads
Личности
- Томе Момировски (4 април 1927) — македонски раскажувач, романописец, есеист, критичар и преведувач.
- Калиопи (28 декември 1966) — познат и истакнат македонски уметник, вокален изведувач, композитор и текстописец
- Горан Б. Стојаноски (1966) — македонски писател.
- Јоаким Крчовски (1750, Кичево - 1820, Крива Паланка) — првиот македонски просветител
- Јордан Пиперката (23 јуни 1870 во Козица, Кичевско – 10 август 1903, во Цер, Кичевско) — македонски револуционер
- Владимир Полежиноски - Полежина (30 мај 1913, Кичево - 16 јуни 1980, Скопје) — учесник во НОБ и член на АСНОМ.
- Александар Станковски (26 јануари 1959) — македонски ликовен и мултимедијален уметник
- Гоце Тодоровски (6 јули 1951) — македонски глумец
- Владимир Талески (7 март 1959) — македонски глумец и градоначалник на Општина Битола
- Мирко Милески (23 април 1923 во Попоец, Кичевско - 1 октомври 1943) — народен херој во НОВ
- Томе Буклески (1921) - македонски револуционер и државник
- Аце Спасеновски (31 март 1969) - поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Нико Буклевски (15 октомври 1923) - македонски филмски работник - снимател
- Мето Петровски (1935 во Иванчишта, Кичевско) - македонски снимател, филмски и телевизиски режисер
- Косара Гочкова (5 јануари 1932) - македонски писател за деца
- Борис Спиров (22 септември 1898 во Брждани, Кичевско - 1974)) - македонски лекар и политичар
- Влатко Лозаноски (27 Јуни 1985) - македонски пејач
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads