ОУ „Јонче Смугрески“ - Обршани
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Јонче Смугрески“ (официјално: Основно општинско училиште „Јонче Смугрески“ - Обршани; скратено: ООУ „Јонче Смугрески“) — централно основно училиште во селото Обршани, Општина Кривогаштани.[1][2]
Името на училиштето е во чест на македонскиот партизан Јонче Смугрески.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, на патот кон Пашино Рувци.
Настава
Во училиштето наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик. Има вкупно 13 паралелки од прво до деветто одделение со вкупно 163 ученици.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:
- ПУ „Јонче Смугрески“ - Бела Црква, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Јонче Смугрески“ - Боротино, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
- Влезот
- Игралиште
- Детско игралиште
- Старото училиште
- Поглед на училиштето
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads