ОУ „Александар Урдаревски“ - Мирковци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Александар Урдаревски“ (официјално: Основно општинско училиште „Александар Урдаревски“ - Мирковци; скратено: ООУ „Александар Урдаревски“) — централно основно училиште во селото Мирковци, Општина Чучер-Сандево.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот партизан Александар Урдаревски.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа во западниот дел на атарот на селото Мирковци и тоа претставува средишно училиште за учениците од селата Горњане, Бањане, Чучер-Сандево, Бразда, Глуво и Мирковци.
Историја
Училиштето го сочинуваат две подрачни училишта, во Долно Блаце и во Горно Блаце. Училиштето „Александар Урдаревски“ е изградено во 1963 година. Подрачното училиште во Долно Блаце е изградено во 1979 година, а во Горно Блаце во 1951 година. Вкупниот број на ученици кои го посетуваат ова училиште е 438, од прво до деветто одделение. Наставата се одвива во две смени во централното и една смена во подрачните училишта со вкупно 37 вработени (наставен и ненаставен кадар). Во основното училиште „Александар Урдаревски“ (со двете подрачни училишта) учат вкупно 438 ученици во 24 паралелки.
Remove ads
Училишни објекти
Објектот е во тврда градба, со подрум, приземје и спрат. Училиштето поседува реновирана фискултурна сала, во рамки на стандардниот објект. Во училиштето просторот се состои од: 14 училници, кабинети, библиотека, фискултурна сала, надворешно игралиште, зелена дворна површина, канцелариски простор, ходници, санитарни јазли и и други помошни простории. Училиштето за подобра и поефикасна настава брои и еден кабинет со SMART табла, за која наставниот кадар е дополнително усовршен.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads