ОУ „Борис Трајковски“ - Моноспитово

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Борис Трајковски“ - Моноспитово
Remove ads

Основно училиште „Борис Трајковски“ (официјално: Основно општинско училиште „Борис Трајковски“ - Моноспитово; скратено: ООУ „Борис Трајковски“) — централно основно училиште во струмичкото село Моноспитово, Општина Босилово.[1]

Кратки факти Борис Трајковски ...

Училиштето е именувано по македонскиот претседател Борис Трајковски.

Remove ads

Местоположба

Училиштето е сместено надвор од селото, на локалниот пат кој води до селото Еднокуќево.[2]

Историја

Училишниот објект бил изграден во 2006 година и тогаш работело како подрачно училиште на основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ од Иловица. Во 2012 година добило статус на централно основно училиште.[2]

Објект

Училиштето е изградено од тврд материјал со посебен влез за учениците од прво одделение и посебен влез за другите одделенија. Поседува еден кабинет и 8 училници, како и други простории. Затоплувањето на училиштето се врши со парно греење.[2]

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик. Училиштето ги опфаќа учениците од Моноспитово и од Бориево, каде има подрачно училиште со настава до петто одделение.[2]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads