ОУ „Вера Которка“ - Клечевце

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Вера Которка“ - Клечевце
Remove ads

Основно училиште „Вера Которка“ (официјално: Основно општинско училиште „Вера Которка“ - Клечевце; скратено: ООУ „Вера Которка“) — централно основно училиште во кумановското село Клечевце, Општина Куманово.[1]

Кратки факти Вера Которка ...

Училиштето е именувано по македонската партизанка Вера Которка.

Remove ads

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Клечевце, сместено во средишниот дел на селото.

Историја

Објектот на училиштето е изграден во 1928 година, кога наставата се изведувала од прво до четврто одделение. Училиштето прераснало во осумгодишно во 1958 година, кога биле доградени уште две училници и канцеларии.

Покривот на училиштето бил обновен во 2010 година, додека прозорците биле заменети во 2018 година.

Градба

Објектот е во добра состојба. Површината на објектот е 642 метри квадратни, има седум училници и две помошни простории. Се загрева со помош на печки на дрва.[2]

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Галерија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads