ОУ „Гоце Делчев“ - Неготино

основно училиште во градот Неготино From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Гоце Делчев“ - Неготино
Remove ads

Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Основно општинско училиште „Гоце Делчев“ - Неготино; скратено: ООУ „Гоце Делчев“) — централно основно училиште во градот Неготино, Општина Неготино.[1]

Кратки факти Гоце Делчев ...

Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Remove ads

Местоположба

Училиштето се наоѓа на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино.

Историја

Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ од Неготино започнало со работа во 1972 година во месец ноември.

Подрачни училишта

Во рамките на општинското основно училиште „Гоце Делчев“ се наоѓаат и четири подрачни основни училишта од прво до петто одделение (освен тоа во Долни Дисан, кое е со девет одделенија), а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во градот Неготино. Овие училишта се:

Поради зголемување на бројот на учениците, во учебната 1987/88 година подрачното основно училиштето во селото Војшанци, кое дотогаш било подрачно училиште на ова училиште му било отстапено на ОУ „Страшо Пинџур“ - Неготино.

Организација

Во училиштето учат околу 1000 ученици од градот и приградските места, распоредени во 55 паралелки. На почетокот во училиштето биле вработени 52 наставници, а денес во него работат вкупно 64 наставници од кои 35 во предметна, а 29 во одделенска настава.

Опременост

Училиштето располага со вкупно 3.580 м2 работна површина, која ја сочинуваат 17 училници, 6 кабинети, 2 занимални, 1 фискултурна сала, 5 канцеларии и 3 простории за друга намена.

Натпревари

Училиштето постојано учествува на разни училишни, регионални, државни или меѓународни натпревари и постигнува солидни резултати. Традиционално неколку години по ред (2005 - 2007 г.), во училиштето во месец март по повод месецот на франкофонијата се спроведува републичкиот натпревар по француски јазик.[2]

Освоени награди

Училиштето е добитник на наградата Осми Ноември.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads