ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Свети Николе

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ (официјално: Основно општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ - Свети Николе; скратено: ООУ „Свети Кирил и Методиј“) — централно основно училиште во градот Свети Николе, Општина Свети Николе.[1]

Кратки факти Свети Кирил и Методиј ...

Училиштето е именувано по словенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Remove ads

Местоположба

Училиштето е сместено во средишното градско подрачје во Свети Николе. Училиштето е од развиен тип и во него се образуваат ученици од I до IX одделение.

Во сопственост на училиштето е и спортската сала „Цар Самоил“, во која се реализираат часовите по физичко образование од основното и средното училиште и од разни спортски клубови.

Историја

Според архивските податоци училиштето започнува со работа во далечната 1969 година во сега постоечката училишна зграда во која учеа ученици од петто до осмо одделение.

На ден 29 јуни 1973 година единственото основно училиште во градот со одлука бр. 02-1071/14 на Собранието на Општина Свети Николе било поделено на две училишта што го означувале почетокот на работата на ООУ „Кирил и Методиј“ со статус на самостојно училиште. Училиштето стартувало со 27 паралелки од кои 12 паралелки во одделенска настава и 13 паралелки во предметна настава и две групи ученици во предшколско образование (забавиште). Вкупниот број на ученици во учебната 1973/74 г. изнесувало 784. Во тој период како подрачни училишта гравитирале и училиштата во селата: Долно Ѓуѓанци, Павлешенци и Стањевци со вкупно пет комбинирани паралелки од прво до четврто одделение.

Remove ads

Познати личности кои учеле во ова училиште

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегува следново подрачно училишт:

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads