ОУ „Климент Охридски“ - Миравци
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Климент Охридски“ - Миравци; скратено: ООУ „Климент Охридски“) — централно основно училиште во гевгелиското село Миравци, Општина Гевгелија.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Климент Охридски“.
Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.
Remove ads
Историја
Првото училиште било отворено во 1884 година, а прв учител бил Глигор Божинов. Наставата била организирана во самите куќи, како и во црквата. На подрачјето на селото биле пронајдени букварките „Алфивитарии“ на Кирил Пејчиновиќ, како и неговите „Огледало“ и „Евангелие“.
Во 1925 година, со голема помош на рускиот учител Трофим Сахненко, била изградена училишната зграда во која се изведувала настава до 1996 година, кога била подигната новата училишна зграда.
Remove ads
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Климент Охридски“ - Давидово, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Климент Охридски“ - Милетково, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Ѓорѓи Делев“ - Смоквица, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Галерија
- Игралиште во селото
- Влезот во училиштето
- Спортска сала
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads