ОУ „Кочо Рацин“ - Куманово
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Кочо Рацин“ (официјално: Основно општинско училиште „Кочо Рацин“ - Куманово; скратено: ООУ „Кочо Рацин“) — централно основно училиште во градот Куманово, Општина Куманово.[1][2]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Кочо Рацин“.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски поет Кочо Рацин.
Remove ads
Историја
Училиштето започнало со работа во јануари 1945 година како прво училиште на македонски јазик во слободно Куманово под името Народно основно школо „Св. Климент Охридски“.[2]
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.[2]
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[2]
- ПУ „Кочо Рацин“ - Орашац, подрачно деветгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Доброшане, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Биљановце, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Габреш, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Кочо Рацин“ - Градиште, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Кочо Рацин“ - Кучкарево, подрачно петгодишно училиште на македонски наставен јазик.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads