ОУ „Никола Карев“ - Радовиш
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Никола Карев“ (службено: Основно општинско училиште „Никола Карев“ - Радовиш; скратено: ООУ „Никола Карев“) — централно основно училиште во градот Радовиш, Општина Радовиш.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Никола Карев“.
Училиштето е именувано по македонскиот револуционер Никола Карев.
Remove ads
Историја
Училиштето се одделило од некогашното ЦОУ „Моша Пијаде“ во учебната 1975/1976 година.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик. За реализација на наставата се користат 11 училници и 17 кабинети.
Во склоп на училиштето работат и паралелки за основно музичко образование, кое е посебно верифицирано во учебната 1984/1985 година.
Подрачни училишта
Во составот на училиштето влегува следново подрачно училиште:
- ПУ „Никола Карев“ - Бучим, петгодишно подрачно училиште на турски наставен јазик;
- ПУ „Никола Карев“ - Прналија, петгодишно подрачно училиште на турски наставен јазик;
- ПУ „Никола Карев“ - Раклиш, петгодишно подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Никола Карев“ - Тополница, петгодишно подрачно училиште на турски наставен јазик.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads