ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола
Remove ads

Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Битола; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во населбата Нова Битола, во градот Битола, Општина Битола.[2]

Кратки факти Св. Климент Охридски ...

Училиштето е именувано по словенскиот просветител и светец Свети Климент Охридски.

Remove ads

Ресурси

Училиштето располага со следните 2 специјализирани училници за подготвителна настава, 10 универзални училници за одделенска настава, 11 универзални училници за предметна настава, специјализирани кабинети за информатика и ТО, библиотека со значителен книжевен фонд поврзана со читална, модерна фискултурна сала според високи стандарди со трибини, семафор, туш-кабини и други спортски терени. Во склоп на училиштето има исто така и амбуланта, високо стандардизирана трпезарија со кујна и посебен административен дел.

Училиштето располага со 305 десктоп компјутери, 209 Intel Classmate ученички лаптопи, 16 лаптопи УСАИД, 27 Intel Classmate таблети, 4 смарт табли, 2 телевизори, 4 печатачи, дигитални камери, лаптоп компјутери за наставниците и 30 микробит уреди.

За учениците со посебни потреби има: монитор на допир, 8 тастатури од кои 5 се со кирилично писмо и 3 со латинично писмо, 2 trackball, joystick, 2 одвоени кликови и 2 едукативни софтвери.

За учениците со оштетен вид се користат следниве уреди: компјутер и принтер за рапаво печатење.

Финансирање

Освен средствата што ги обезбедува Министерството за образование и наука, училиштето обезбезбедува сопствени приходи од донации од родители, спонзорства, провизии од списанија, училишна кујна, посета на кина, театри, концерти екскурзии и викенди, како и издавање на фискултурната сала на спортски клубови.

Remove ads

Учество на натпревари

  • Учество и освено прво место на регионалниот натпревар по физика 2007
  • Учество и освоено прво место на 44. олимпијада на млади техничари и природници 2007
  • Учество и освоено второ место на регионален натпревар по Англиски јазик 2010 - Емир Сулејман.
  • Учество и освоено трето место на републички натпревар по Англиски јазик 2010 - Емир Сулејман.

Настава

Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Подрачни училишта

Во составот на училиштето влегувало следново подрачно училиште:

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads