ОУ „Св. Климент Охридски“ - Охрид
основно училиште во Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Св. Климент Охридски“ (официјално: Основно општинско училиште „Св. Климент Охридски“ - Охрид; скратено: ООУ „Св. Климент Охридски“) — централно основно училиште во градот Охрид, Општина Охрид.[1]
За други значења на поимот, погл. ОУ „Св. Климент Охридски“.
Remove ads
Местоположба
Се наоѓа во старото јадро на градот Охрид, на ридот Дебој.
Историја
Училиштата зграда била градена и завршена во 1979 година. За изградбата на училиштето, Павел Балабанов ја добил престижната Награда „Борба“ во 1980 година, за најдобро архитектонско остварување во Југославија, како и републичката Награда за најуспешно архитектонско остварување. Проектот на училишната зграда бил публикуван во огромен број на списанија и весници.[2]
Архитектура на училишната зграда
Обликувањето на градбата е павилјонски и разумно, со расчленети волумени кои се поврзани со линиски коридори. Средишното место во комплексот и го зазема алулата со нејзината повеќефункционална намена и кружење. Фасадната обработка е од фасадна црвена цигла со малтерисана структура. За покрив, архитектот Балабанов го одбрал лимот, покривка која му дава друг однос и пристап со околината со претежно покривни од ќерамиди.[2]
Галерија
- Училиштето во 2014 година
- Поглед кон северното крило
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads