ОУ „Стив Наумов“ - Битола

основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

ОУ „Стив Наумов“ - Битола
Remove ads

Основно училиште „Стив Наумов“ (официјално: Основно општинско училиште „Стив Наумов“ - Битола; скратено: ООУ „Стив Наумов“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]

Кратки факти Стив Наумов ...

Училиштето е именувано по македонскиот народен херој Стив Наумов.

Remove ads

Зграда

Кратки факти Стив Наумов, Поранешни називи ...

Во рамките на осовременување и подобрување на условите на наставата српските власти ја подигнале и зградата на ова училиште. Истото требало да ги опфати основците од Кајгас, Арнаут Маало, Синанбели Маало и другите поблиски населби. Првично зградата требало да биде изградена подолу од сегашната локација, но заради несоодветност истата е поместена. Планот го изработил градскиот архитект, Чехот Јан Дубови, а изградбата на лицитација (21 август 1934) за 307.049,90 динари ја добил Димитрија Дарковиќ кој соработувал и со други градежници. Договорот го обврзувало објектот да го предаде за 150 дена, што било испочитувано.

Кон крајот на годината објектот со име „Вук Караџиќ“ бил предаден во употребен со вообичаено осветување, говори, музика и веселба. Во училиштето на почетокот имало 4 паралелки од прво до четврто одделение со по 40 ученици. За време на Втората светска војна Бугарите го смениле името во „Митрополит Григориј“.

Remove ads

Познати личности кои учеле во ова училиште

Народниот херој Стив Наумов учел во ова училиште. Училиштето имало друго име во тоа време, но подоцна го добива името на народниот херој Стив Наумов.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads