ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Пласница
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ (во минатото: Основно училиште „Стив Наумов“; официјално: Основно општинско училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ - Пласница; скратено: ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“) — централно основно училиште во селото Пласница, Општина Пласница.[1] Училиштето се наоѓа на самата атарска граница помеѓу селото Пласница и селото Преглово.
За други значења на поимот, погл. ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“.
Денес, училиштето е именувано по основачот на Турската Република, Мустафа Кемал Ататурк, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Стив Наумов.
Remove ads
Местоположба
Објектот на училиштето се наоѓа на самата атарска граница помеѓу селата Пласница и Преглово.
Настава
Во училиштето наставата се изведува единствено на турски наставен јазик.
Градба
Училиштето било целосно обновено во 2014 година со околу 300.000 евра помош од страна на турската владина агенција ТИКА.[2]
Галерија
- Спортската сала
- Влезот
- Игралиштето
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads