ОУ „Тоде Хаџи Тефов“ - Кавадарци
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Тоде Хаџи Тефов“ (официјално: Основно општинско училиште „Тоде Хаџи Тефов“ - Кавадарци; скратено: ООУ „Тоде Хаџи Тефов“) — централно основно училиште во градот Кавадарци, Општина Кавадарци.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот партизан и учител Тоде Хаџи Тефов.
Remove ads
Историја
Училиштето работи од далечната 1962 година и спаѓа во поразвиените училишта со опфат на најголем број на ученици во општината.
На почетокот во учебната 1962/63 година училиштето работи со вкупно 25 паралелки (12 во одделенска и 13 во предметна настава) со вкупно 939 ученика, а наставата ја реализираат 30 наставници, а како прв директор во училиштето е Стојче Ристевски.
Од година во година бројот на паралелките и учениците се зголемува, така што пред неколку години изнесуваше над 1.200 ученици, но последниве неколку години поради намалениот наталитет истиот е во опаѓање. И покрај тоа во училиштето денес се опфатени 784 ученика во основното училиште и 36 ученика во подрачното, т.е. вкупно 820 ученика и е училиште со најголем број на ученици во општината.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads