ОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола
основно училиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Основно училиште „Тодор Ангелевски“ (официјално: Основно општинско училиште „Тодор Ангелевски“ - Битола; скратено: ООУ „Тодор Ангелевски“) — централно основно училиште во градот Битола, Општина Битола.[1]
Училиштето е именувано по македонскиот комунист, учител, борец против фашистичкиот окупатор и еден од првите учесници во НОВ Тодор Ангелевски.
Remove ads
Местоположба
Училиштето се наоѓа помеѓу населбата Баир и населбата Ушици.
Особености
Училиштето Тодор Ангелевски е добро опремена зграда на два ката каде наставата редовно ја посетуваат ученици од прво до осмо одделение. Покрај редовната настава додатните часови и секциите помогнале ова училиште да учествува на општински, регионални и републички натпревари каде има освоено многу награди. Има голем број на кабинети и училници каде наставата редовно и успешно се изведува.
Подрачни училишта
Во склоп на централното основно училиште функционира и подрачното основно училиште во приградската населба Горно Оризари во кое настава посетуваат ученици од населбата Горно Оризари и населбата Стрелиште. Училиштето во Стрелиште е подрачно петгодишно основно училиште.
Познати личности кои учеле во ова училиште
- Кире Костов - композитор и диригент
- Марина Коруновска - оперска пејачка, сопран;
- Христијан Спировски - пијанист
- Архимандрит Партениј Фидановски-Игумен на Бигорски Манастир
- Аница Алексова Тасевска - автор на ученици и збирки задачи по математика
Познати личности кои предавале во ова училиште
- Соња Атанасовска-Цигарида - првата наставничка на влашки јазик во Република Македонија по 70 години.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads